1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Русија во офанзива со вакцината Спутник V

ЕМФ | агенции
16 март 2021

Додека се зголемува бројот на земји кои го запираат вакцинирањето со АстраЗенека, Русија оди во офанзива со својата вакцина Спутник V.

Argentinien Ankunft der Impfung Sputnik V
Фотографија: Pavel Korolyov/AFP

Производителот на Спутник V соопшти дека се веќе склучени договори за производство на руската вакцина со фирми во Германија, Франција, Шпанија и Италија. Рускиот државен фонд РДИФ, кој го финансираше развојот на вакцинатаСпутник V, тврди и дека се водат разговори со фирми од други европски држави. „Со тоа, откако ќе се добие дозвола од Европската агенција за лекови (ЕМА), би требало да се почне со снабдување на европскиот пазар со Спутник V“, се вели во соопштението на РДИФ.

Засега нема официјална потврда од страна на европските земји за договори за производство на Спутник V. Министерството за економија во Париз соопшти дека не знае ништо за договори со француски фирми. Слична е и изјавата од шпанското Министерство за здравство.

Германското претпријатие ИДТ Биологика од Десау, кое е веќе неколку недели во контакт со производителот на руската вакцина, исто така демантира. Договор сѐ уште не склучен, изјави портпарол на компанијата за агенцијата АФП. Се вели дека разговорите сѐ уште се во тек.

Повеќе:

Лична приказна: Моето искуство со Спутник 5, руската вакцина против Ковид-19

Лична приказна 2. дел : Како ја поднесов втората доза на Спутник 5

Вакцината Спутник V сѐ уште нема дозвола од страна на ЕМА, но постапката е почната.Од почетокот на постапката до давањето дозвола за вакцините Бионтек/Фајзер, Модерна и АстраЗенека минуваа од неколку недели до три месеци.

Русија даде дозвола за својата вакцина во текот на летото минатата година, уште пред да бидат завршени клиничките студии. Тоа предизвика скепса кон вакцината во меѓународни размери. Во меѓувреме, вакцината има добиено дозвола во над 50 држави во светот. Според студија објавена во стручното списание „Лансет“, Спутник V има ефикасност од 91,6%.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми