Експерти на Европската агенција за лекови ги проверуваат производството и клиничките студии на вакцината Спутник V во Русија. Може ли да се расчистат сомнежите кон руската вакцина во ЕУ?
Реклама
Стручњаците од Европската агенција за лекови (ЕМА) деновиве вршат инспекција на вакцината Спутник V во Русија. Тие веќе посетиле две клиники во Москва, каде биле згрижени пациентите за време на важната трета фаза од клиничките испитувања, пренесе вчера руската агенција Интерфакс.
„Тие ги добија сите информации што ги бараа“, се вели во информацијата на Интерфакс, според која експертите за ЕМА разговарале и со медицинскиот персонал.
Агенцијата, со седиште во Амстердам, претходно соопшти дека станува збор за „нормален чекор во врска со проценка на барањето за одобрување во ЕУ“. Емер Кук, директорка на ЕМА, ја најави ваквата инспекција уште во март. „Клиничките студии кои поддржуваат одобрување за пазарот во ЕУ мора да бидат во согласност со меѓународните етички и научни стандарди на квалитетот за студии на луѓе. Усогласеноста со стандардот обезбедува заштита на правото, безбедноста и добробит на учесниците во студијата и дека податоците на клиничките испитувања се веродостојни“, наведува ЕМА.
Агенцијата резултатите од инспекцијата ќе ги објави дури по обработката на барањето за одобрување на Спутник V во ЕУ. Унгарија и Словачка веќе на своја рака ја одобрија употребата на руската вакцина. Според вчерашната информација на Интерфакс, деновиве експертите на ЕМА ќе посетат и некои од местата на производство на вакцината.
Може ли да им се верува на руските податоци?
Во ЕУ постои недоверба кон руската вакцина. Пет европратеници на 17 март испратија писмо до ЕМА, во кое нагласија оти Русија повеќепати докажала дека е „повеќе од подготвена да политизира и да фалсификува медицински и научни податоци многу професионално и во голема мерка, ако тоа служи за политички цели“.
Како примери ги наведоа допинг скандалите на руските олимписки спортисти и труењето на опозицискиот политичар Алексеј Навални. „Верувам дека вакцината делува, оти има добар заштитен ефект и прифатливи нескани ефекти. Но, тоа сѐ уште не е јасно, бидејќи не е детално проверено чекор по чекор“, вели Петер Лизе, германски европратеник и портпарол за здравствена политика на Народната партија во Европскиот парламент.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Лизе за ДВ наведува оти е проблематично тоа што Русија минатиот август побрза да биде прва. Москва тогаш објави дека има прва одобрена вакцина во светот, иако вакцината беше испитана само на стотина луѓе.
„Мислам оти Спутник V е безбедна како и секоја друга вакцина“, вели за ДВ професор Лоренс Јанг, британски виролог и стручњак за молекуларна онкологија. Врз основа на објавените податоци, вели тој, реакциите на руската вакцина се слични како другите вакцини, вклучувајќи „благи болки во раката, мала главоболка, можеби мала температура или треска. Но, тоа се куси, многу благи несакани ефекти“.
Јанг вели дека Спутник V е „многу паметна вакцина“, која користи аденовирус со слична технологија како вакцината на АстраЗенека. Затоа, додава, треба се набљудува дали руската вакцина евентуално во мал број случаи може да предизвика тромбоза. „Како што знаеме од искуството со АстраЗенека, некогаш овие несакани ефекти се забележливи дури откако ќе се започне имунизација на милиони луѓе.“
Дали на ЕУ ѝ е потребна Спутник V?
Без разлика на политичките нагаѓања, ЕМА руската вакцина ја третира како и западните кои се веќе одобрени. Од Амстердам е соопштено дека слични инспекции како кај Спутник V се вршени и кај производителите на сите 4 вакцини кои досега се одобрени во ЕУ: Бионтек/Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон.
Бидејќи стапката на вакцинација во ЕУ заостанува зад некои земји во светот, германскиот министер за здравство Јенс Шпан неодамна најави разговори со Москва за купување на Спутник V, но дури откако ќе добие одобрување од ЕМА.
Сѐ уште е нејасно колку дози би можела Русија навистина да испорача. Во оваа земја стапката на вакцинација е значително под просекот во ЕУ и Русија засега нема производни капацитети за големи испораки. Алтернатива би можело да биде производство на руската вакцина во ЕУ.
Совети за подобро здравје и расположение во пандемијата
Стресот е постојан придружник на современото живеење. Короната дополнително ја влоши состојбата. Што да се направи за да се остане здрав и во добра форма? Спортување, работа во градина, читање... и уште по нешто.
Кој е новиот омилен спорт на Германците? Пешачење! Студијата на еден здравствен фонд покажува дека 43% од Германците по почетокот на пандемијата одат почесто на пешачење отколку пред тоа. Полека или со побрзо темпо? Сѐ е добро кога сте опкружени со природа, кога гледате зеленило, вода, полиња, шума, море...
Базените, фитнес студијата и другите сали за вежбање се затворени поради пандемијата. Но, тоа не смее да биде изговор. Јога или пилатес во дневна соба, велосипедска тура или трчање во парк - телесната активност им годи на срцето и циркулацијата. Како алтернатива се можни и невообичаени активности, на пример жонглирање или одење по јаже. Сето тоа е можно да се прави на доволно растојание.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Warnack
Виртуелни патувања
Во време на корона не може да се патува како порано. Притоа, одморот од секојдневието е важен за телесната и душевната благосостојба. Има начин да се патува без да се изложувате на ризик, седејќи на каучот дома, и тоа со помош на големиот број апликации за патување со виртуелни очила. Ако не може да се патува вистински, може барем виртуелно.
Фотографија: Colourbox/L. Dolgachov
Добра книга
Многумина во време на корона имаат повеќе слободно време, затоа што работат со скратено работно време, или затоа што не мора да патуваат до работното место. Според анализа на институтот за истражување на пазарот ГфК, направена по повод Франкфуртскиот саем на книгата 2020, 13% од испитаниците многу почесто посегнуваат по книга отколку пред пандемијата. Добрата книга го намалува стресот и релаксира.
Полни шкафови, преполни подруми, полици со книги кои само што не се урнале од тежина... Кому не му се познати барем дел од овие работи? Расчистувањето може да придонесе да се чувствувате подобро. Дури и науката одамна има утврдено дека ослободувањето од старите работи создава нова енергија и ѝ чини добро на душата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Weihrauch
Вкусна храна
Рестораните се затворени во време на локдаун. Со оглед на тоа што многу луѓе седат дома, во Германија сега се готви многу повеќе отколку порано. Наместо брза храна, на менито во многу домови има јадења подготвени со многу љубов од членовите на семејството. Статистиката покажува дека добро оди и бизнисот со т.н. кутии за готвење, во кои се ставени рецепт и состојките кои се потребни за него.
Фотографија: Fotolia/MK-Photo
Градинарство
Садење, полевање, берба - градинарството релаксира дури и кога се нема многу смисла за работа со растенија. И, сеедно е дали се има градина или балкон. „Градинарството и растенијата имаат релаксирачко влијание врз процесите на здравеење и ориентација во животот“, објаснува хамбуршкиот терапевт Роланд Штраус на својата веб-страница.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Медитација против стрес
Работа, фамилија, домашни задачи - честопати имаме толку многу обврски, што „не знаеме каде ни е главата“. Но, има начин за опуштање: различни истражувања покажуваат дека медитацијата ни дава поддршка за подобро да излеземе на крај со стресот. Оној кој го релаксира дишењето и духот, тој го опушта и телото, а од тоа профитираат, меѓу другото, и срцето и циркулацијата.
Фотографија: ASA/picture alliance
8 фотографии1 | 8
Германската подружница на рускиот производител на фармацевтски производи Р-Фарм, со седиште во Баварија, веќе поднесе барање до ЕМА за тестирање на Спутник V. Баварската влада договори со компанијата да купи 2,5 милиони дози Спутник V, но само ако вакцината биде одобрена.
Првите испораки се очекуваат најрано во јули. Петер Лизе смета дека се пресудни производните капацитети. „Ако се работи за 1 милион дози во јули, тогаш тоа дефинитивно не ни е потребно. Но, ако се работи за 20-30 милиони, тоа би требало да биде вклучено во стратегијата. Нема причина да не се увезува безбедна, ефикасна вакцина“, вели Лизе.