1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Срамот на Англија: Никој не заслужува вакви „навивачи“

Мет Пирсон
12 јули 2021

Иако пеналите повторно скапо ја чинеа Англија, оние кои промашија можат да си заминат со подигнати глави. Но тоа не може да се каже за насилното, глупаво однесување на „неколку“ навивачи, смета Мет Пирсон.

EURO2020 I Finale I England v Italien
Фотографија: Paul Childs/Reuters

Откако Џанлуиџи Донарума го одбрани пеналот на Букајо Сако на само неколку метри од местото каде што седев, мојата прв мисла не беше за во јавност. Втората беше да го проколнам постоењето на пеналите. По тие првични емоции, следуваше една уште подепресивна: ќе има хаос надвор од стадионот. И така и беше. Во 15-минутното пешачење до автобуска станица, видов човек кој беше нападнат и оставен да лежи на улицата, една тинејџера удрена од полициски коњ, а на друг човек му беше скршен прозорецот на автомобилот додека чекаше во густиот сообраќај. 

Фотографија: Peter Cziborra/Action Images/REUTERS


По тензичните, нервозни 120 минути на теренот, ова беше приказната на денот. Патот Вембли, долгиот бетонски тунел кој води од подземната станица до стадионот беше преполн со часови пред почетокот на мечот. 

Напад врз стадионот

Но наместо уживање во големото финале, насекаде околу мене имаше стаклени шишиња, лименки, торби, огномети, чевли и секакви други објекти кои летаа низ воздухот. Немаше никаков национализам во сето тоа, тоа беа англиски навивачи кои подоцна и се тепаа меѓу себе.  
Стотици навивачи упаднаа на стадионот, а голем дел се обидоа да влезат на трибините без карти. Лондонската полиција подоцна соопшти дека биле уапсени 45 лица, а „неколкумина“ успеале да го пробијат обезбедувањето и да влезат на трибините без билети, иако стадионот делуваше далеку поисполнет од полуфиналето против Данска. 
Кога започна мечот, одвратната атмосфера од пред стадионот за среќа не се пренесе и внатре. Два часа подоцна, откако Сака, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд ги додадоа своите имиња на долгата листа на промашувачи на пенали на кои е и нивниот селектор Герет Саутгејт, им аплаудираа на играчите додека го напуштаа теренот. Имаше чувство дека новата врска која се формираше со тимот на првенството остана, и покрај заслужената победа на Италија. Но за жал, таа врска не е доволна за да го измие злото кое го остава насилниот англиски фудбалски навивач. 
Да биде уште полошо, неколку минути по крајот, Сака, Санчо и Рашфорд беа нападнати и навредувани на расна основа на социјалните мрежи. 
Да гледаш како губи твојот тим во финале е тешко. Да гледаш како губат на пенали е уште потешко. Но да бидеш поврзуван со идиоти, кои се расфрлаат со шишиња и расистички навреди, само затоа што си роден во иста земја и го поддржуваш истиот тим, е тажно на поинаков начин. Ниту еден тим не заслужува вакви „навивачи“. Особено не овој тим на Англија. 

Мет Пирсон
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми