1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србите на Косово формираа сопствен Парламент

30 јуни 2008

Србите на Косово во саботата форимраа национално Собрание, институција што косовските власти ја прогласија за нелегална и што не е призната од меѓународните институции. Коментири од германските весници.

Слободан СамарџиќФотографија: AP

„Србите на Косово имаат своја глава.“ пишува денешен Берлинер цајтунг и продолжува. „За време на викендов во поделената Митровица основаа Собрание, кое го означија како свој Парламент. Владата во Приштина го осуди чинот и го означи како ’нелегален и неприфатлив’. Но учесниците остануваат на својата намера, што уште повеќе ќе ја зацементира политичката поделба на Балканот. Какво право всушност си земаат Косовоските Срби?

Какво право? Истото право што си го зема албанското мнозинско население на Косово, кога во февруари прогласија сопствена држава. Сигурно косовските Албанци имаа многу добри причини, да ја одбијат понудената автономија во рамките на Србија од страна на Белград, - премногу се свежи сеќавањата на потиснувањата во ерата на Слободан Милошевиќ. Но со истите аргументи косовските Срби ја отфрлаат намерата, дека треба да се прилагодат во рамките на државата Косово и со тоа од своја страна дополнително да го легализираат нивно сопствено етничко прогонување од страна на борците на УЧК и нивните наследници кои денеска се на власт во Приштина.“ пишува Берлинер цајтунг и заклучува. „Се разбира косовските Срби не треба да очекуваат, дека Парламентот ќе биде меѓународно признат. Но барем што се однесува до меѓународното правната страна, можат да се тешат со тоа што ниту косовските Албанци не стојат значително подобро.“

Тагесшпигел на истата тема пишува „Парламентот има пред се’ симболично значење, нема да донесува закони. Според заклучокот усвоен во саботата Парламентот ќе усвојува соопштенија и резолуции и ќе предлага закони ’Кои се важни за животот на луѓето на Косово’. Србите на Косово со формирањето на ова тело демонстрираат одбивање на назависноста на поранешната српска покраина.“ пишува Тагесшпигел

Сличен став има и Тагесцајтунг од Берлин „Сега и Србите на Косово имаат сопствен Парламент. Точно на годишнината од изгубената битка на Косово Поле пред 619 години на 28 јуни се оддржа конститутивната седница. Со ова Србите на Косово повтроно покажуваат, дека нема да ја признаат независноста на Косово прогласена на 17 феруари 2008 година. Впрочем овој Парламент ќе биде нелегален и не може да биде признат од ниту една од институциите на меѓународната заедница кои делуваат на Косово ниту од државата Косово. Сепак Србија собира факти, да ги сочува српските области на Косово како ’де факто’ дел од државата Србија. Позицја која ја застапува и министерот за Косово во оставка Слободан Самарџиќ.“ пишува Тагесцајтунг од Берлин

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми