1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Србија го враќа полицискиот час

БГ /АФП
7 јули 2020

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави викенд карантин за граѓаните по алармантниот раст на бројот на новозаразени од коронавирус. Најтешка е состојбата во Нови Пазар каде болниците се преплавени со пациенти.

Serbien Wahl 2020 | Aleksandar Vucic, Präsident
Фотографија: Reuters/M. Djurica

Одлуката на Вучиќ доаѓа откако во последните 24 часа во Србија починаа 13 луѓе од коронавирусот, што е рекорд за земјата каде досега беа евидентирани 16,700 случаи на инфекцијата.

„Од петок, ќе имаме долг полициски час кој ќе заврши во понеделник“, изјави Вучиќ во телевизиско обраќање. Кризниот штаб на владата ќе одлучува дали полицискиот час ќе важи за целата територија на Србија или само за главниот град Белград.

Новиот бран на вирусот се случи откако властите дозволија масовно олеснување на мерките во пресрет на изборите во јуни. Оттогаш, секојдневно се бележат повеќе од 300 новозаразени дневно.
Поради тоа, со повеќе од 4,000 пациенти заболени од коронавирус, преоптоварен е и здравствениот систем во земјата, вели Вучиќ.

„Никој не може да ги издржи овие бројки. Ние не сакаме да ги убиеме нашите доктори“, изјави Вучиќ. Најсериозна е состојбата во Нови Пазар каде болниците се претрупани со пациенти, а се соочуваат и со недостаток  на опрема. Неколку болници во Белград веќе се целосно пренаменети за прием на заразени со вирусот, а подготвена е и полска болница во Белградската арена.
Истражување на БИРН претходно покажа дека властите во Србија неколку месеци ги криеле вистински бројки на новозаразени и жртви во пандемијата. Владата демантираше дека го правела тоа.

Во понеделникот, и Косово воведе полициски час во вечерните часови во главниот град Приштина и во три други градови.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми