1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија испрати сигнал?!

23 јули 2008

Со очила, бела брада и долга коса, Радован Караџиќ, поранешниот водач на босанските Срби, обвинет за геноцид, беше откриен и уапсен во Белград. Апсењето на Караџиќ денеска го коментираат германските весници.

Радован КараџиќФотографија: AP

„Задоцнет триумф на правдата? Тешко да се каже. Имено сеуште не знаеме зошто Караџиќ е уапсен токму сега, а не порано. Србија, барем така се чини е уморна од својата беда. Очигледно дека мнозинството не е задоволно и натаму да биде истрајно и да се крие во засолништето на националистичката претерана чувствителност. Во секој случај 13 години, откако беше подигнато обвинението во Ден Хааг, сегашното апсење испраќа добар сигнал. Злосторствата не се губат и не се забораваат. Меѓународната заедница мисли сериозно и има долг здив, кога врши потера по злосторставата против човештвотото“ смета весникот Ди Велт

Франкфуртер алгемајен цајтунг пак потсетува „Никој не го бара Караџиќ, се жалеше Карла дел Понте пред две години. Затоа тогашната главна обвинителка за Југославија во Тирбуналот во Ден Хааг бараше пред Советот за безбедноста на ОН дури и трупи за интервенција. Се разбира нив не ги доби. Имено ефикасно спроведување на процес на меѓународно кривично гонење претпоставува сега, а и во далечна иднина соработка меѓу суверените држави. Апсењето на обвинетиот за геноцид Караџиќ не беше замисливо без политички притисок и без вољата на српската влада да се приближи до ЕУ и меѓународната заедница. Но тоа не значи дека Хашкото обвинителство немало влијание. Наследникот на Дел Понте, Белгиецот Серж Брамерц сега може да се радува за големиот улов. Тoј настапува потивко, но очигледно сплете поделотворна мрежа од Дел Понте.“ резумирa ФАЦ

Лајпцигер фолксцајтунг е убеден „Откако исчезна во 1995 година Караџиќ можеше да се потпре на неговата дружина. Затоа не е излишна извесна иронија, ако се земе предвид дека неговото апсење се случува кога на чело е владин сојуз во којшто учествува и Социјалистичката партија на Милошевиќ, значи онаа партија, што се повикува да одговара за слични злосторства, како оние за кои се товари Караџиќ. Но Караџиќ стана излишен за Социјалистите. Неговото апсење го отвара патот за еден исплатлив бизнис, имено белградската коалиција на заборав сега смее да се надева на благословот за скорешен прием во ЕУ. Вчудовидувачки е колку краткорочно агира Европската унија, имено ниту една и толку вноста економска помош неможе да го замени соочувањето на едно општество со своето сопствено минато.“ предупредува Лајпцигер фолксцајтунг

Весникот Вестфелише анцајгер од Хам пак пишува „Ако на новата влада и требаа две недели да го прекине повеќе од десет годишното бегство на обвинетиот за геноцид Радован Караџиќ, тогаш изјавите на претходниците се оголуваат како лаги. Наводните потраги, претпоставки за скривалишта: сето тоа беше само цинична игра на истрошените политичари и војската со цел, светот да го влечат за нос и да го покриваат бруталниот поранешен водач на Србите. Новото српско раководство подмири висока сметка. Во однос на полтичките барања на Европа. И еден дел во однос на сите оние, кои страдаа под Караџиќ.“ подвлекува Вестфелише анцајгер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми