1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и ЕУ: Меѓу срцето и разумот

Н.Рујевиќ/ А.Трајковска 13 април 2014

Пред Србија да може да стане членка на ЕУ, земјата мора да се промени. Но, досега изостанаа големите реформи. Иако влијателни српски политичари полагаат на брз пристап на земјата.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Пред неколку години српските противници на ЕУ направија драстична споредба: на една слика, која тогаш беше во оптег на интеренет страниците, жолтите ѕвезди на европското знаме не формираа круг, туку кукаст крст. „Еден вистински Србин“ не смее да биде заговорник за ЕУ, туку треба да биде свртен кон Русија, гласи до денес убедувањето на патриотски ориентираните партии и организации. Од другата страна на политичкиот спектар голем број невладини организации и политичари не гледаат алтернатива освен членстовото во ЕУ. На анкетите се препознава дистанца на српското население кон Западот, но народот во европската интеграција гледа и пат, за да ѝ се стави крај на економската мизерија на земјата.

Маратон со пречки

Соборувањето на автократот Слободан Милошевиќ во 2000 година до денес се смета за пресвртница во српската историја. Со тоа се завриши една крвава декада, која започна со југословенските војни и заврши со воздушните напади на НАТО во косовската војна. Со изборниот пораз на Милошевиќ заврши и меѓународната изолација и болните санкции. Новата демократска влада вети блескава европска иднина - и предвидуваше пристап во ЕУ во 2007 година. Од денешен агол една премногу оптимистична прогноза.

Тоа што патот кон ЕУ стана маратон е пореди наследството од деведесетите години, смета Марко Вујачиќ од белградската НВО - Европско движење во Србија. Генерацијата трауматизирана од војна, на Балканот не се движеше во правец на постнационалистичка интеграција, туку во споритвниот правец, анализира Вујачиќ. Но, не само поради оваа причина било штетно, да се спроведат неопходните економски и административни реформи. „Еден кој се обиде во тоа мораше да плати со својот живот“, се сеќава Вујачиќ на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, врз кого во 2003 година беше извршен атентат од страна на членови на поранешната специјална единица на Милошевиќ.

Протести против договорот со Косово во БеградФотографија: picture-alliance/dpa

Теми и дилеми

Александар Вучиќ, во моментов првиот човек во Белград, денес стои зад реформските планови на Ѓинѓиќ. Само до пред неколку години Вучиќ се сметаше да националист, кој зборуваше против Хрватите и Албанците и пледираше за заштита на српските воени злосторници. Од 2008 година Вучиќ покажува лице на прагматичар. Кога неговата радикална партија се расцепи поради различните гледишта за темата европска интегрцаија, тој го избра европскиот курс. „Тоа едноставно покажуваше дека национализмот тука не е повеќе тема“, вели политикологот од Белград Соња Лихт во интервју за ДВ. Напротив Европа и натаму е релевантна тема. Неодамна Вучиќ, чија партија располага со апсолутно мнозинство во парламентот, се сретна со поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, за да разменат мислења за европската политика. Потоа во еден гостински натпис забележа, Европа не мора да се сака, за да се стреми кон неа.

Народот очигледно има сличен став. Според последните анкети, повеќе од 50 проценти од Србите би гласале за пристап во ЕУ и само една четвртина против. Поддршката е додуша значително помала од пред десет години, но и значително повисока од пред две години. Разумот ја добива битката против емоциите, кои биле на страната на Русија, смета младиот активист Вујачиќ.

Широка поддршка за Александар ВучиќФотографија: Reuters

Анкетите исто така покажуваат дека најголемата пречка на патот кон Европа била „западната политика на поставување услови“. „Диктатите од Брисел“ биле „една садистичка мачка - глушец игра“, критикува познатиот српски историчар Чедомир Антиќ. На пример Косово: Пораншената српска јужна покраина во 2008 година еднострано прогласи независности и во меѓувреме е признаена од повеќе од сто држави, меѓу нив и 23 ЕУ држави. Иако Белград официјално не го прифаќа суверенитетот на Косово, владата мораше да склучи повеќе договори со Приштина, за да стане кандидат за пристап во ЕУ. Поради тоа Србија во моментов би можела да пристапи само како „покорена држава“, вели Антиќ во разговор со ДВ. „Дали распадот на Србија е цената која мора да се плати за членство во ЕУ? Дали при пристапот во Европа-Ц или Европа-Д ќе бидеме еден вид европски Курди?“ се прашува историчарот.

Реформи наместо желби

На Европската унија во Србија ѝ се припишува тројна улога, анализира професорот Јован Теокаревиќ од белградскиот факултет за политички науки: како автомат за пари, реформско сидро и инструмент за решавање на различни проблеми. „Србија никогаш нема да биде толку напредна колку Германија. Но дозволете барем да го достигнеме нивото на балтичките земји, кои денес изгледаат целосно поинаку од времињата на советска окупација“, бара политикологот.

„Балтичкото ниво“ може да се изрази и во бројки: Брутодомашниот производ по глава на жител во Србија изнесува околу 6000 американски долари, во Летонија е двојно повисок, а во Естонија дури тројно повисок. За да се постигне ова нови новата влада во Белград би морала да спроведе болни мерки: да ја подобри инвестицоната клима, да го зајакне стопанството и пред сѐ да ја скрати власта на партиите. Имено до денес партиите меѓусебно ги делат вработувањата во јавниот сектор - од 7,1 милиони граѓани 800.000 работат како државни службеници. Ниту една партија досега не беше подготвена, да смени нешто во тоа. „Многу српски политичари процесот за интеграција го сфаќаат како ливче со желби - да не се прави ништо посебно, а сепак да се реформира и да се биде европски“, забележува Марко Вујачиќ.

Патотот до ЕУ - маратон со пречкиФотографија: AP/Montage DW

Спориот реформски процес за професорот Теокаревиќ е разочарување. „Илузиите се срушија. Иако процесот продолжува, уште долго ќе мораме да чекаме на пристап во ЕУ“. Колку долго? Денешните политичари одбиваат прогнози, но набљудувачите сметаат дека преговорие ќе траат најмалку седум, но повеќе десет години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми