1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и Косово блиску до договор за Договорот

Марина Максимовиќ/Б. Георгиевски22 мај 2013

ЕУ верува во посветеноста на премиерите на Србија и Косово договореното во април да го спроведат на дело. Состанокот за изработка на планот на имплементација на „бриселскиот договор“ продолжува и денеска

Фотографија: picture-alliance/AP

Иако во канцеларијата на Кетрин Ештон објаснуваа дека шефицата на дипломатијата ЕУ во среда има пребукиран распоред, бидејќи учествува на Самитот на лидерите на ЕУ каде поднесува извештај за состојбата во Сирија, високата претставничка уште еднаш покажа дека состојбата на Западниот Балкан и е во фокусот и наоѓа време во време на самитот да учествува на продолжените преговори меѓу Белград и Приштина.

Првиот ден од разговорите на двајцата премиери за примената на Договорот од април, што во најголема мерка се однесува на формирањето на заедницата на српските општини во Косово, според зборовите на Хашим Тачи донел конструктивна атмосфера и оптимизам.
„Мислам дека овој состанок ќе заврши со договор за имплементација врз основа на Договорот од април. Овој договор ќе помогне во нормализација на односите меѓу двете земји, но и за европската перспектива на двете земји“, рече косовскиот премиер.

ЕУ: имплементацијата да почне пред јуни

Од српската делегација порачуваат дека се разговара за договореното во областа на полицијата и правосудството како и за прашањето за функционирањето на заедницата на српски општини, која треба да биде конституирана по изборите во Косово, но прашање е како ќе функционира во меѓувреме. Белград укажува и на потребата од промена на законодавството во Косово за да се имплементира договор за нормализација на односите.

Протести во Србија против договорот со КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

И Ивица Дачиќ како и Тачи смета дека нема време за губење. „Доколку Србија сака да добие датум за почеток на пристапни преговори, мора да постигне договор за имплементација до крајот на неделата“.

Во Брисел очекуваат со примената на договорот на терен да се започне пред јуни. Кетрин Ештон сака в понеделник (27.05) да ги извести шефовите на дипломатиите на ЕУ за напредокот во разговорите. Веќе на 28 мај, треба да се донесе одлуката дали на Србија ќе и се одобри почеток на преговорите за членство, а на Косово отворањето на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми