1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и Хрватска од денеска се поврзани со модерен граничен премин

21 јули 2006

Преминот Батровци – Бајаково, по неколкумесечно реновирање го отворија премиерите на двете земји Санадер и Коштуница.

Хрватскиот премиер Иво Санадер
Хрватскиот премиер Иво СанадерФотографија: AP

“Ова е корисно за понатамошна нормализација на хрватско – српските односи, бидејќи сметам дека нормализацијата нема друга алтернатива и таа може да биде столб на стабилноста во овој дел на Европа”, изјави хрватскиот премиер Иво Санадер по отворањето на граничниот премин меѓу Хрватска и Србија. Тој нагласи и дека Србија и Хрватска со новите односи придонесуваат за стабилноста во Југоисточна Европа и додаде:

“ Владите на двете земји ќе работат да ги залечат раните од минатото, но ќе градиме и нова иднина на двете држави во обединета Европа”.

За српскиот премиер Коштуница “ова упатува на приближување на двата народа и отворањето на овој граничен премин е политички и економски мост за двете држави”. За Коштуница ова е “доказ и дека двете држави и нивните народи по тешкото искуство од минатиот век сакаат да изгради нови односи.”

Реконструкцијата на граничниот премин Бајаково-Батровци траеше 15 месеци и сега на овој премин има 16 сообраќајни ленти во двата правца што е двојно повеќе од порано. На преминот има одлични услови за работа на царината и полицијата,а опремен е и со фитосанитарна инспекција, место за преглед на камионите, што ќе придонесе кон побрз и посигурен проток на луѓе и стока и ќе се спречува криминал и нелегална трговија. Реконструкцијата беше финансирана од ЕУ КАРДС програмата. За оваа намена беа издвоени 5 милиони евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми