1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија пред банкрот?

Ивица Петровиќ18 јуни 2008

Во Србија деновиве се повеќе се зборува за лошата состојба на државниот буџет. Црните сценарија дури предвидуваат и банкрот. Експертите ја смируваат топката.

Се празни ли касата?Фотографија: AP

Вестите за лошата состојба на српскиот буџет доаѓаат од сите страни. Прв за недостаток во буџетот предупреди гувернерот на Народната банка, Радован Јелашиќ, а потоа на тоа укажаа и дел од министрите во техничката влада. Но, министерот за финансии Мирко Цветковиќ уверува - се’ е под контрола, и Србија не е пред банкрот.

„Дојде до непотребна драматизација на одделни изјави за состојбата на српскиот буџет, која донекаде е и резултат на нестручно толкување на нештата“, вели за Дојче веле, професорот на Економскиот факултет во Белград Јуриј Бајец. Според него, тековното одржување на буџетот и неговите природни расходи и приходи одат според нормалниот тек и граѓаните немаат причина за загриженост кога станува збор за исплатата на платите и другите обврски.

Недостигаат директни странски инвестиции

Проблемот настана на друго место, вели професор Бајец.

„Проблемот е во тоа што државата Србија годинава не го обезбеди очекуваниот прилив на директни странски инвестиции, односно девизен приход врз таа основа, а тоа се’ е поради тоа што се одолговлекува формирањето на владата и поради целата оваа нервоза околу тоа каква ќе биде владата и кога ќе биде составена“. Се проценува дека поради ова Србија може да има дупка во буџетот меѓу 300 и 400 милиони евра, којашто може да се покрие со емисија на државни обврзници, што најчесто се користи за вложување во капитални инвестиции или за враќање долгови.

Катастрофалните сценарија нереални

Тоа според професор Бајец не е ништо драматично, и катастрофалното сценарио за кое се говори деновиве не е ништо друго освен само продолжение на политичките препирки.

„Сакам да кажам дека тоа е дел од една политичка приказна која се надевам ќе престане со формирањето на владата, односно ќе се претвори во една нормална критика на опозицијата на сметка на владата, каде нормално прашањето за буџетот и јавната потрошувачка секако се едни од најважните прашања за кои вообичаено се водат жестоки дебати во сите земји, па и во Србија“, вели професорот од економскиот факултет во Белград, Јуриј Бајец.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми