Србија сака членство во ЕУ
23 декември 2009
„Ова е историски ден за Србија“ рече српскиот претседател Борис Тадиќ во Стокхолм при предавањето на апликацијата за членство на Србија во ЕУ. Во текот на десет години од воспоставувањето на демократијата, главна цел на демкоратските цели во земјата била да ја донесеат Србија во ЕУ. „ Денес се сеќаваме на Зоран Ѓинџиќ и неговата европска визија за Србија. Тој ја почна оваа визија и ја пренесе преку најмрачните денови на диктатурата. Денес е денот кога неговите идеи се потврдени. Европа за нас значи вредност и толеранција, мир и взаемно почитување “ подвлече срппскиот претседател.
Тадиќ инаку позитивно гледа на приближувањето на Србија кон ЕУ и од економски аспект.
„Со продолжување на процесот на ервопската интеграција создаваме нов надворешно политички амбинет, кој од Србија прави изводредно место за пласман на капиталот, за отворање на нови работни места, што е и основна претоставка за развој.“
Важен сигнал за цел регион
И Шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд во името на претседателството, ја поздрави одлуката на Белград на овој „историски“ и „важен“ чекор: „Уверен сум дека апликацијата на Србија не е важна само за развојот на Србија туку и за целиот регион“ дополни Рајнфелд на заедничката прес конферениција, на која присуствуваше и еврокомесарот за проширување Оли Рен. Рен оцени дека кандидатурата на Србија е „круна на шведското претседателство со ЕУ“.
„Србија се движи кон ЕУ со цврста решеност. Србија е клучна земја на Западниот Балкан и гледаме дека целиот тој регион се движи кон Европската унија. Тоа е многу важно за мирот, стабилноста и иднината на Европа,“ истакна Рен.
Голема политичка храброст
Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин, смета дека Србија со одлуката покажала голема политичка храброст и насоченост кон иднината:
„Одлучноста да се поднесе апликација уште оваа година сметам дека е меѓународна обврска за брзи, одлучни, политички и економски реформи, кои се предуслов за кандидатурата и членството во ЕУ. Молбата за статус на кандидат е само еден чекор на долгиот пат кон приближување, кој бара многу дополнителни, одлучни и одговорни барања и храбри чекори. Само мнозинство од владејачката гарнитура на патот кон Европската унија не е доволно, потребен е многу поширок политички консензус,“ смета Кацин.
Автор: АТ/СН/ Шмит/ Милетиќ/ миа/ бета
Редактор: Жана Ацеска