1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Србија се бори со долговите на Косово“

29 февруари 2008

Косово, ЕУ, Србија, иднината на новата држава и дали и како Србија во иднина ќе ги плаќа долговите на Косово?

Фотографија: AP

Под наслов, Радикалите планираат блокада на српскиот пристап во ЕУ, Зиддојче цајтунг денеска пишува

„Со оглед на конфликтот околу интеграцијата во ЕУ, набљудувачите сметаат на скорешни нови избори во Србија. Доколку владата и натаму го торпедира приближувањето кон ЕУ, тогаш ќе се распадне, предупреди партијата Г 17“ пишува Зиддојче цајтунг и продоолжува

„И покрај тешката ситуација Европската унија и натаму се ангажира за соработка со Балканската земја. Уште пред прогласувањето независност од Приштина, Брисел донесе одлука да ја поддржува Србија до 2012 година со една милијарда евра. Комесарот за проширување Оли Рен рече дека интеграцијата е во рацете на политичките водачи на народот. Шефот на меѓународнита управна власт на Косово, холандскиот дипломат Питер Фејт се изјасни против поделбата на Косово. ’Босанскиот пример покажува, дека мора да изградиме мултиетничка интеграција’ “ се вели во Зиддојче цајтунг

Весникот Ноје цирхер цајтугн во текстот под наслов Србија се бори со надворешните долгови на Косово пишува

„Додуша Србија најдоцна во војното лудило 1998/ 99 година ја загуби политичката контрола над Косово. Сепак претходно постоечките надворешни долгови на Косово и натаму ги подмируваше Белград за и на овој начин да покаже дека го смета Косово за дел од својата територија. Српската влада оттогаш за соодветните барања одвојува годишно околу 150 милиони долари, при што долговите на Косово со крајот на 2007 година Српската централна банка ги проценува на 1,3 милијарди долари: во 2008та треба да се отплатат 90 милиони долари. Парите и се должат пред се на Светската банка. Делегација од Вашингтонскиот иснтитут треба да дојде во Белград за да ја разгледа чувствителната тема со владините претставници на Србија “ пишува Ноје цирхер цајтунг и продолжува

„Доколку Србија пледира да прекине отплаќањето на долговите, без сомнение ќе направи обид тоа да се одвои од прашањето за статусот. Се аргуметира со тоа дека, секоја управна единици, што собира данок мора исто така да си ги плаќа и долговите, без оглед дали е тоа главниот град Белград или Косово. Доколку српската влада ги прекине плаќањата тоа би било изненадување, затоа што српската влада се плаши каков ќе биде политичкиот сигнал што би го испратила со ваквата одлука.“ пишува Ноје цирхер цајтунг

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми