Средба Георгиевски Бертиноти
23 мај 2007Реклама
Италија во целост на поддржува Македонија во евроатлантските интеграции и аспирациите за членство во НАТО, се нагласува по денешната средба во Рим меѓу претседателите на Парламентите на Македонија и на Италија, Љубиша Георгиевски и Фаусто Бертиноти. Георгиевски побарал Италија да се заложи во реализацијата на проектот Коридор 8. Средбата е во рамките на тридневната официјална посета на Македонија на Италија и на Светата столица по повод чествувањето на Свети Кирил. Георгиевски утре треба да има средба и со Папата Бенедикт 16.