Средба на Блискоисточниот мировен кварт
23 јуни 2007Реклама
Претставници на членките на блискиосточниот мировен квартет наредниот вторник ќе се сретнат во Ерусалим за да разговараат за најновиот развој на ситуацијата во регионот. Квартетот го сочинуваат САД, Русија , ЕУ и ОН. Средбата во Ерусалим ќе се одржи еден ден по најавениот Блискоисточен Самит , на кој ќе биде направен обид да се зајакне позицијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас и на преодната влада , откако радикално-исламистичката организација Хамас ја презеде контролата врз појасот на Газа. На смитот кој треба да се одржи во египетското одоморалиште Шарм Ел Шеик , ќе учествуваат лидерите на Израел , Јордан , Палестина и на домаќинот Египет.