1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на НАТО- министрите во Брисел-разликите се уште длабоки

9 декември 2004

Американскиот министер за надворешни работи,Колин Пауел, на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел побара поголем ангажман на Алијансата во Ирак и во Авганистан.На ова повеќето европски членки на НАТО реагираа со многу воздржаност.

Колин Пауел во мисија на убедување на европските партнери
Колин Пауел во мисија на убедување на европските партнериФотографија: AP

За американскиот министер за надворешни работи на заминување,Колин Пауел,ова е секогаш истата напорна мисија:тој поттикнува на поголем ангажман на НАТО во Ирак и во Авганистан,и притоа секогаш повторно се судира со европските задршки.Пауел е за последен пат е во таков обид.Во американската влада за споредба тој секогаш имаше многу разбирање за скепсата на Европејците.Неговата наследничка Кондолиза Рајс треба да употреби поостри тонови.И покрај декларираната хармонија,разликите во мислењата на трансатланска релација околу ирачката војна се сеуште длабоки.Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер мора да го одржува заедништвото на сојузот.Но во својот став тој јасно се свртува на американска страна и индиректно ги критикува НАТО државите како Германија,Франција и Шпанија:

"Ние сите знаме дека согласноста не доаѓа преку магија.Согласувањето бара здрава култура на меѓусебно спорење како и свест за одговорноста од секој член на Алијансата.Ние исто така знаеме колку е важно да ја задржиме единственоста во идните недели и месеци,кога нашите операции и мисии ќе станат скапи и тешки."

Ова пред се се однесува на откажувањето на некои земји за учество во било каква форма во мисија на обука не само за Ирак,туку и во Ирак.Германија и другите не сакаат нивните офицери кои му се непосредно преотстапени на НАТО да ги пуштат во Ирак.

Тоа предизвикува многу лутина во Вашингтон,но и кај генералниот секретар.

Напната ќе биде и средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров,со оглед на Украина.Русија веднаш би го признала изборот на новата влада во Киев,со темна дамка на фалсификување на изборите. Но,НАТО би седнал заедно со украинскиот министер за надворешни работи само тогаш ако тој дојде од демократски легитимирана влада.Натамошната кавга меѓу Русија и НАТО овде е речиси неизбежна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми