1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на премиерите на Македонија, Црна Гора и Албанија

16 јануари 2004
Во Подгорица во овие моменти почнува трилатералната средба на премиерите на Македонија, Црна Гора и Албанија, Бранко Црвенковски, Мило Ѓукановиќ и Фатос Нано. Тие разговараат околу регионалната соработка и координација во процесот на приближување кон евро- атлантските интеграции и соработката во заедничките проекти, односно транспортот, инфраструктурата, борбата против организираниот криминал, перењето пари и недозволената трговија со дрога, оружје и луѓе.Посебен акцент на разговорите, треба да биде ставен врз унапредувањето на економската соработка, привлекувањето странски инвестиции и склучување и примена на договорите за слободна трговија во регионот. Средбата во Подгорица е трета по ред од ваков вид, по средбите на премиерите во Охрид и Драч.

Во очи на разговорите, за подгоричка "Побједа", македонскиот премиер Црвенковски, изјави дека отворањето транзитен коридор меѓу Македонија и Црна Гора, преку Косово, кој стартуваше на почетокот на годината е еден од предусловите за побрза регионална соработка и за вклучување во евроатлантските интеграции. Црвенковски, кој најави отворање македонски конзулат во Подгорица, говореше и за односите на Македонската и Српската православна црква. Тој за "Побједа" рече дека зачувувањето на автокефалноста и целовитоста на МПЦ е стратешки интерес не само на црквата и народот, туку и на државата Македонија. "Тоа е директно поврзано со националниот идентитет на македонскиот народ и македонската држава", нагласи македонскиот премиер.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми