1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на Трамп и Ким во Шведска?

СН/ агенции
16 март 2018

Претседателот на САД Трамп сака да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким. Прашање е само: каде би можеле да се сретнат двајцата на што е можно понеутрален терен? Шведска би можела да биде идеално место за тоа.

Bildkombo Kim Jong Un und Donald Trump
Фотографија: picture-alliance/AP/dpa/Wong Maye-E

Од пред една недела светот знае дека американскиот претседател Доналд Трамп може да си замисли средба со Ким Јонг Ун, кого зајадливо го нарекуваше „малиот ракетџија“. Сега патувањето на севернокорејскиот министер за надворешни работи во Шведска ги потхранува шпекулациите за местото на одржување на оваа прва средба воопшто меѓу актуелен американски претседател и севернокорејски властодржец.

Повеќе:

-Доналд Трамп го условува Ким Јонг Ун

-Доналд Трамп и Ким Јонг Ун подготвени за средба

-Трамп не трпи веќе противречење во Белата куќа

Министерот Ри Јонг Хо синоќа пристигна во дводневна посета на скандинавската земја, јави шведскиот весник „Дагенс Нихетер“. Притоа во план е негова средба со ресорната колешка од Шведска Маргот Валстром. Нејзниот портпарол изјави дека една од темите на средбата ќе биде и безбедносната состојба на Корејскиот полуостров.

Шведска веќе се понуди за посредник

Државните медиуми во Северна Кореја известуваат дека посетата на шефот на дипломатијата на Стокхолм е во полза на билатералните односи и на други теми од заеднички интерес.

Фотографија: Getty Images/AFP/C. Bas-Wohlert

Во кризата околу спорната атомска програма на Северна Кореја, Шведска веќе се понуди како посредник. Земјата од 1971 година има амбасада во Пјонгјанг и таму на лице место ги претставува и интересите на САД.

Социјалдемократскиот премиер на Шведска, Штедан Лофвен вчера истакна дека неговата земјата е подготвена да ги овозможи разговорите меѓу САД и Северна Кореја. Тие меѓутоа, рече тој, мора најнапред да бидат одобрени од главните актери во кризата, Северна Кореја, Јужна Кореја, САД и Јапонија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми