1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на шефовите на дипломатиите на земјите во ПСЈИЕ

АТ/ макфакс31 мај 2013

Во Охрид се одржува состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Покрај министрите треба да учествува и европскиот комесар за проширување.

Фотографија: AP

Формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во рамки на македонското претседавање со Процесот ќе се одржи денеска во Охрид.

Во функција на претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ, состанокот ќе го води министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, а на него покрај министрите за надворешни работи на земјите учеснички на ПСЈИЕ ќе присуствува и еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, генералниот секретар на Регионалниот Совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и други високи претставници на меѓународни организации.

На состанокот министерот Попоски ќе ги информира присутните за реализираните приоритети за време на македонското претседавање со Процесот, ќе бидат разменети мислења за актуелните состојби во регионот на ЈИЕ и перспективите за европската интеграција на земјите од регионот, а воедно предвидено е и одбрување на Годишниот извештај на генералниот секретар на РСС за периодот 2012 – 2013 година, одобрување на тригодишната Стратегија и програма на РСС за периодот 2014 – 2016 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми