Средба на Џингтао и Путин
27 март 2007Реклама
Русија и Кина во заедничка изјава го повикаа Иран да го промени ставот во атомскиот спор и да ги преземе неопходните чекори за исполнување на барањата на ОН. На разговорите на рускиот и кинексиот претседател, Владимир Путин и Ху Џинтао во Москва, темата Иран имаше доминантно место. Според двајцата лидери, спорот треба да се реши на мирен начин. Ху е во тридневна посета на Русија и во преден план на разговорите е економската соработка на двете земји.