Средба Путин-Асад: брз крај на операциите во Сирија?
СН/ агенции
21 ноември 2017
Рускиот претседател Путин во Сочи го прими својот сириски колега по функција Асад. Тој, притоа навести крај на руските воени операции во Сирија и најави телефонски повик до американскиот претседател Трамп.
Реклама
Рускиот претседател Путин очекува брзо завршување на воените операции во Сирија. Според Кремљ, Путин ова го изјавил на состанокот со сирискиот претседател Башар ал Асад во туристичкиот град Сочи на Црното Море. Путин му честитал на Асад за „резултатите во борбата против терористичките групи", се вели во соопштението. Сирија се приближува кон „конечна, неизбежна победа над терористите".
„Сè уште има долг пат пред да постигнеме целосна победа над терористите", рече Путин. „Но, што се однесува до заедничката борба против тероризмот на територијата на Сирија, воената операција всушност завршува". Сега, според Путин, станува збор за иницирање политички процеси.
Тој изразил задоволство од подготвеноста на Асад да работи со секој што сака да изгради мир и да изнајде решенија за сирискиот конфликт. Досега постигнат е голем успех, како на бојното поле, така и на политичкото поле. Многу области во Сирија биле ослободени од терористи, а сега цивилите кои морале да ги напуштат овие области може да се вратат, истакнал рускиот претседател.
Русија, Турција и Иран работат заедно од почетокот на годината за деескалација на сириската граѓанска војна. За време на серија разговори во главниот град на Казахстан Астана, беше договорено воспоставувањето на таканаречените зони за деескалација, во кои важи примирје меѓу бунтовниците и владините сили.
Алепо: Уништувањето на раскошниот град
Алепо пред војната беше метропола полна со живот, омилена туристичка цел и економско срце на Сирија. Денес источниот дел на градот е разурнат. Фотографиите од пред војната и сега ги покажуваат размерите на уништувањето.
Џамијата Омејади пред војната
Ова е фотографија од 2010 година. Бунтовите во арапскиот свет тогаш не беа стигнати до Сирија и Алепо. Џамијата е изградена во 775 година и е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.
Фотографија: Reuters/K. Ashawi
Џамијата Омејади денес
Џамијата беше тешко оштетена во борбите во 2013 година. На 24 март 2013. се урна минарето изградено во 11. век. Денес џамијата наликува на напуштена руина.
Фотографија: Reuters/O. Sanadiki
Амамот Ел Нахасин пред војната
Во амамот во старото градско јадро на Алепо посетителите уживаат во мирот по направената бања. Фотографијата е направена есента 2010 година.
Фотографија: Reuters/K. Ashawi
Амамот Ел Нахасин сега
Шест години потоа амамот не зрачи со мир и спокојство. „Раните“ од војната му се видливи.
Фотографија: Reuters/O. Sanadiki
Цитаделата на Алепо пред војната
Цитаделата на Алепо е една од најстарите и најголемите тврдини на светот. Голем дел од објектот е изграден во 13. век.
Фотографија: Reuters/S. Auger
Цитаделата денес
Некогашната туристичка атракција е во голем дел уништена и денес како сениште се издига над градот.
Фотографија: Reuters/O. Sanadiki
Старото градско јадро некогаш
24. ноември 2008 година: Старото градско јадро на Алепо. Луѓе седат во кафулињата, сместени како во рамка од шарени светла.
Фотографија: Reuters/O. Sanadiki
Старото градско јадро денес
13 декември 2016: Старото градско јадро е престорено во прав и пепел.
Фотографија: Reuters/O. Sanadiki
Трговскиот центар Шахба пред војната
Божиќни подароци висат закачени на таванот на трговскиот центар Шахба во декември 2009 година. Петкатниот трговски центар беше отворен во 2008 година и се вбројуваше во најголемите во Сирија.
Фотографија: Reuters/K. Ashawi
Трговскиот центар Шахба денес
„Трајно затворен“ - оваа информација се појавува на Гугл кога се пребарува поимот „Shahba-Mall“ денес.Трговскиот центар беше тешко оштетен во воздушните напади во 2014 година.
Фотографија: Reuters/A. Ismail
Пазарот Ал Зараб пред војната
Влезот во пазарот Ал Зараб во 2008 година, облеан во топла светлина.
Фотографија: Reuters/O. Sanadiki
Пазарот Ал Зараб денес
Декември 2016: Влезот во пазарот е уништен речиси целосно.
Фотографија: Reuters/O. Sanadiki
12 фотографии1 | 12
Додека Русија и Иран го поддржуваат Асад, Турција е на страната на бунтовниците. Сепак, Турција и Русија значително од минатата година значително се приближија а Путин и Ердоган редовно се состануваат на разговори. За Турција, приоритет во Сирија повеќе не е соборувањето на Асад, туку потиснувањето на Курдите.