1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

071111 Bundesbankreserven Rettungsschirm

7 ноември 2011

Средствата на ЕФСФ изнесуваат 440 милијарди евра, што е премалку за спасување на земји како Италија. Затоа политичарите бараат разни опции како да го зголемат обемот на средствата на преку еден билион евра.

Dossierbild Gold Goldpreis 1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Зад ѕидовите на Бундесбанката лежат „цврстите резерви“ на нацијата. На пример 3.400 тони златни полуги. Тоа се втори по големина златни резерви во светот - по САД. Покрај златото, Бундесбанката поседува и девизни резерви, на пример во долари и јени. Згора на тоа има и т.н. „посебни права“ во висина од 15 милијарди еври од средствата на Меѓународниот монетарен фонд.

Токму на овие резерви е насочен погледот на дел од политичарите во Германија. Тие бараат овие средства да се стават во залог за да се прошири обемот на Европскиот фонд за спас на еврото. Експертите се против: „Не смееме сега на индиректен начин да посегнеме по резервите на Бундесбанката и другите централни банки. Мора да се бараат други решенија, како она со осигурувањето на обврзниците. Така може обемот на чадорот за спас суштински да се прошири.“

Шефот на Управниот одбор на Дојче банк, Јозеф Акерман

Скеспа кај експертите

Но, минатата недела на шефот на Фондот за спас Клаус Реглинг не му појде од рака да добие средства од инвеститорите и сега се множат гласовите кои се сомневаат во ова решение. На оваа тема ќе се разговара вечер во Брисел. Многу е веројатно дека на крајот на Фондот за спас нема да му остане ништо друго, туку да посегне по националните девизни резерви, а по некое време и по златните.

Весникот „Франкфуртер алгемајне“ вчера објави дека предлогот за резервите дошол од американскиот претседател Барак Обама, а на средбата на Г 20 во Кан го поддржале и британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Никола Саркози.

Германската влада во меѓувреме им се спротистави на ваквите шпекулации. Портпаролот Штефан Зајберт порача дека златните резерви на Бундесбанката не биле тема на разговор на средбата на Групата Г 20 во кан.

Автор: Јан Палокат / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска-Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми