Докторот Горан Кунгуловски смета дека доколку бразилскиот и јужноафриканскиот сој влезат во С. Македонија, најверојатно нема да станат доминантни.
Реклама
Бразилскиот сој се шири со сѐ поголема брзина. По последните најави од соседна Србија, дека има индикации дека оваа најзаразна мутација се појавила во земјата, каде се поголем број млади лица се на респиратори, растат стравувањата од ширењето на сојот и во С. Македонија. Експертите сметаат дека доколку бразилскиот и јужноафриканскиот сој влезат во С. Македонија, најверојатно нема да станат доминантни.
„Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужноафриканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни, бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој“, смета докторот Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.
Секој нов сој од вирусот е полош
Директорката на ковид болницата во Батајница, во Белград, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС изјави дека има индикации дека бразилскиот сој на вирус се појавил во Србија и дека британскиот вид е сè уште најприсутен меѓу пациентите. Taa предупреди дека секој нов сој од вирусот е „полош“ и кога станува збор за преносливоста и кога станува збор за смртноста и апелираше до граѓаните да се вакцинираат. „Има многу млади луѓе кои се на оддели за интензивна нега и се поврзани со уреди за вештачко дишење“, предупреди Аџиќ и посочи дека најчесто станува збор за британски сој на вирус, кој се карактеризира со висока преносливост, потешки клинички слики, побрза хоспитализација и поголема смртност.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
За бразилскиот и други соеви
Кунгуловски објаснува дека соевите како британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот се дефинирани од 10-тици мутации според коишто се разликуваат од изворниот Вухански сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.
N501Y мутацијата - води до зголемена преносливост на SARS-CoV-2 вирусот. Ја има во британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот сој. Е484К мутацијата - води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имуниот систем). Ја има кај јужноафриканскиот и бразилскиот сој, вели тој. За некој сој да стане доминантен, според Кунгуловски, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата. Во случајов, бразилскиот и јужноафриканскиот ги немаат тие својства. „Среќа во несреќа, засега“, вели Кунгуловски.
И проф. д-р Никола Пановски неодамна за ДВ изјави дека надежта е дека британскиот сој нема да му дозволи на јужноафриканскиот сој брзо да се шири во Европа. „За јужноафриканскиот сој, означен како 501.V2 или B 1.351 нема податоци дека предизвикува посериозни инфекции, односно според симптомите и тежината на болеста е сличен на оригиналниот сој и од него позагрозени се лицата со коморбидитети и постарите лица. Разликата е што побрзо се шири благодарение на мутацијата во N генот N501Y, односно е позаразен и особено важно, промената во E генот E484K, со која има можност да го избегне имуниот одговор на домаќинот“, објаснува Пановски. Според него, рано е да се каже во која мера оние кои прележале можат пак да се разболат, но се очекува тие да поминат со полесни симптоми.
Бразилската варијанта е многу заразна
Во Бразил екстремно брзо се шири варијантата Р.1 на коронавирусот. Таа е пред сѐ опасна затоа што е многу заразна. И оздравените од Ковид-19 можат повторно да се разболат. Вакцините не делуваат многу силно. Лекарите првпат докажаа постоење на варијантата P.1 во Бразил на 10 јануари годинава. Таа има 17 мутации, од кои три лежат на спајк-протеинот. Веројатно поради тоа вирусот полесно влегува во клетките, каде што може да се размножува.