Среќен крај на драмата со германските рудари
8 ноември 2019Сите 35 рудари, кои по рударската несреќа во рудникот Тојтшентал беа останати заробени 700 метри под земја, се спасени, соопшти полицијата. По експлозијата, рударите поминале неколку часа во неизвесно очекување во просториите за безбедност во рудникот, каде биле снабдувани со кислород, изјави портпарол на рударската служба во Хале-Зале. Двајца рудари се повредени, еден Полјак и еден Германец, но по укажаната лекарска интервенција ја напуштиле болницата.
Според првите сознанија, причина за несреќата била експлозивна мешавина од гасови создадена во подземните ходници. Истрагата за причините ќе се интензивира по спасувањето на рударите, експерти уште денеска попладне ќе се симнат во рудникот, каде работата ќе мирува додека испитувањето за причините за несреќата не биде завршено. Во рудникот инаку работат околу сто луѓе. Пред да биде затворен во 1982 година, во него биле експлоатирани карналит и калиуомова сол, а во последните 15 години тука на 14 квадратни километри се врши депонирање на минерален отпад заради стабилизирање на рудникот.