Среќен роденден, Ваше Височество!
21 април 2016![](https://static.dw.com/image/19203208_800.webp)
Реклама
Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави својот 90. роденден. Бројни граѓани излегоа на улиците во Виндзор за на својата кралица да и‘ честитаат, ракувајќи се со неа, подарувајќи и‘ цвеќе и предавајќи подароци.
Британскиот премиер Дејвид Камерон на Твитер напиша: „Таа е гранитна карпа за нашата нација“. Во Парламентоит подоцна тој изјави: „Ниедна друга нација нема свој челен човек со толкаво знаење и од толкава доверба.“
Погледнете го видеото: