Среќна Нова 2013-та
1 јануари 2013Повеќе од милиион луѓе ја дочекаа Новата година на улиците на Берлин, пред Бранденбуршката порта, соопштија организаторите на дочекот. На најголемиот дочек ширум Германија се танцуваше „Gangam style“, а на сцената меѓу другите се појавија и меѓу другите и Bonnie Tyler и Pet Shop Boys.
Во Берлин точно на полноќ започна огномет кој траеше десет минути. Но „искреше“ ширум Германија. Во искрите уживаа и граѓаните на голем број градови, од огномет засјаи и позната Келнска катедрала. За задоволството кое синоќа траеше се’ на се’ неколку минути, грѓаните на Германија платија 115 милиони евра.
Во Австралија Новата година беше дочекана вчера
Во Сиднеј, веќе вчера во 14 часот по средноевропско време огномет ја обли Сиднејската опера, а имаше повеќе од еден милион посетители. Додека Kylie Minogue ги забавуваше присутните повеќе од седум тони ракети беа испукани на небото над операта во Сиднеј.
Неколку временски зони понатаму во Кина и во Јапонија во 2013. година се влезе помирно. Имено во Кина, традиционално во Новата година се влегува на почетокот на пролетта. Во Токио и други градови на Јапонија беа одржани духовни ритуали во храмовите, каде наредните три денови околу 100 милиони луѓе ќе ги минат во молитви за успех и здравје.
Неброено голем број луѓе дојдоа и на Црвениот плоштад во Москва. Часовникот на највисоката кула во Кремљ традиционално ги одбројуваше секундите до доаѓањето на Новата година. Неколку минути колку што траеше огнометот, Москва се претвори во град од бајките.
Со оружје на рамо
На Блискиот Исток 2013. година се дочека со големи спектакли и забави. Спектакуларен огномент ја обои највисоката зграда на светот во Дубаи во црвено. Станува збор за 828 метри високата кула Бурж Калифа.
Во Авганистан војниците на НАТО со пушки на рамо влегоа во Новата година.
Од друга страна Индија обвиткана во тага ја дочека Новата 2013. година. Откажани беа многу забави, а голем број Индијци претходните денови демонстрираа на улиците поради бруталното силување на една студентка во автобус во Њу Делхи. Девојката пред неколку дена почина во болница во Сингапур, поради што голем број дискотеки го откажаа дочекот на Новата година.
Во Франција, тивко без петарди се влезе во Новата година. Употребата на пиротехника е забранета во Париз. Во Њујорк во шест часот наутро по средноевропско време околу милион луѓе на Тајмс сквер со конфети и песна ја дочекаа 2013. Последни Новата година ќе ја дочекаат луѓето на Хаваи, каде Новата 2013. година ќе стигне во 11 часот по средноевропско време.