1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српската листа нема да му прави проблеми на Курти?

Милица Андриќ-Ракиќ
4 февруари 2020

По 15 години минати во опозиција, водачот за Самоопределување, Албин Курти, доби тесно мнозинство за формирање нова косовска влада. ДВ анализира како ќе се постави Српската листа во оваа нова ситуација.

Kosovo Pristina Wahl des neuen Ministerpräsidenten Albin Kurti
Албин Курти, новиот косовски премиерФотографија: picture-alliance/AP/V. Kryeziu

Новата влада на Косово ќе има 15 министри: по шест даваат двете партии коалициски партнери, Самоопределување (ЛВВ) и Демократската лига на Косово (ЛДК), двајца министри Српската листа и една министерка бошњачката Нова демократска партија.

На самиот почеток на мандатот, Курти прекрши две ветувања: владата сепак има повеќе од 12 министерства, и наместо ниту еден, таа ќе има дури двајца министри на Српската листа.

Првото ветување беше жртвувано заради коалицијата, а второто заради уставната обврска - се согласуваат соговорниците на ДВ. Но, тие на мотивите за соработка и на можните последици од ваквиот пакт за српската заедница во Косово гледаат различно.

Курти се соочи со политичката реалност

„Не ме изненадува тоа што Курти предложи двајца министри од Српската листа, тој бара легалитет и легитимитет на својата влада и настојува да се претстави како промотор на косовскиот Устав“, вели за ДВ Рада Трајковиќ, претседателка на Европското движење на Србите од Косово и поранешна косовска пратеничка. Таа верува дека најголема жртва од таквиот договор ќе биде демократизацијата на српската заедница на Косово.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Kryeziu

Јета Лошај, од Советот за инклузивно управување, објаснува дека Курти, како и секој политичар, дал голем број ветувања, но оти набрзо потоа се соочил со политичката реалност. „Тој сфати дека Уставот го обврзува да ѝ понуди две министерства на Српската листа, како политичка опција што доби најмногу гласови од сите партии кои ги претставуваат немнозинските заедници. Така, тој покажа политичка зрелост, почитување на Уставот, но и дека ќе го почитува владеењето на правото“, изјави Лошај за ДВ.

Политичка калкулација или доследност?

Дијалог со Србија за принципот на реципроцитет до признавањето на Косово, тужба против Србија за воени злосторства, воведување на задолжителна воена служба ... Ова се некои од точките на владината програма на Курти кои, со оглед на досегашната политичка активност на Српската листа, треба да бидат во спротивност со нејзините политички интереси. Сепак, Рада Трајковиќ е убедена дека таа нема да бидат пречка ниту за овие ниту за други планови на Курти. За разлика од опозицијата од т.н. „воено крило“ која покажа дека ќе биде многу критична и силна опозиција.

Повеќе:

-Моја Европа: „Дилот“ на Трамп на Балканот

-Курти: „Не ѝ даваме територија на Србија како утеха за загубено Косово“

-Конститутивна седница на косовскиот парламент без согласност за коалиција

„Курти си ја олеснува сопствената позиција со изборот на двајца министри од Српската листа. Тие сега нема да му предизвикаат никакви проблеми. Тие на чело на својата политичка организација имаат човек кој бега од правдата, поради што во нивните политички активности се ставени во функција на криење на вистината во врска со процесот за убиството на Оливер Ивановиќ, поради кој, ако некогаш заврши, би можеле целосно да го загубат кредибилитетот “, објаснува Трајковиќ.

Од друга страна, Јета Лошај смета дека вклучувањето на Српската листа во косовската влада е доказ за прагматизмот на Курти, но и на неговата решеност да започне внатрешен дијалог со Србите, политика за која Самоопределување одамна се залага.

„Ова е во согласност со тврдењата во неговата изборна кампања дека тој ќе спроведе внатрешен дијалог со косовските Срби со цел да ги утврди нивните искрени потреби и агенда пред да се впушти во дијалогот со Брисел и со Белград. Тој често нагласува дека Србите се дел од Косово и дека тие имаат своето место во оваа земја“, истакнува Лошај.

Фотографија: DW/M. Andrić-Rakić

Вучиќ ќе прифати многу решенија на Курти

На гласањето за предлогот на владата на Курти му претходеше повеќечасовна дискусија, главно од опозициските пратеници на Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијансата за иднината на Косово (АКР). Тие го критикуваа Курти за погазениот збор во врска со соработката со Српската листа, нарекувајќи ја соработка со „четниците“, но и коалиција со „Вучиќ и Радоичиќ“, потпретседателот на Српската листа, кој го бараат косовските истражни органи поради сомнение за вмешаност во убиството на Оливер Ивановиќ и учество во организирана криминална група.

Во исто време, интерес вистински да не им се спротивстави на намерите на Курти, кои можат да се толкуваат како негативни за српската заедница на Косово, има и самиот српски претседател Александар Вучиќ, кој тесно ги контролира политичките активности на Српската листа, тврди Рада Трајковиќ.

„Српскиот претседател ќе бара аболиција и сопствен, како и опстанок на својата влада, преку прифаќање на многу решенија кои ги понуди Курти. Секој ден сме сведоци на нивото на криминализација во Србија која ја има целата државна логистика“, тврди Трајковиќ. Таа потенцира дека во таква ситуација, позицијата на Србите на Косово само уште еднаш ќе послужи како средство за поткусурување.

Српската листа не е реална пречка

И Дарко Димитријевиќ, уредник на Радио Гораждевац од истоимената енклава кај Пеќ, смета дека во новата влада, Српската листа не добила ни помалку ни повеќе од она што во ситуација кога ги има сите десет пратенички места, законски ѝ следува.

Сепак: „Српската листа овојпат не е во позиција да има голема политичка моќ, бидејќи оваа влада, за разлика од претходната, не е условена од гласовите на Српската листа“.

Димитријевиќ за ДВ вели дека верува оти и покрај напрегнатите односи меѓу Самоопределување и Српската листа, на состанокот на лидерите на двете партии што се одржа кон крајот на минатата недела бил постигнат договор за соработка и за тоа како ќе се однесуваат новоназначените министри .

Од друга страна, Јета Лошај смета дека тоа што српските пратеници се воздржаа од гласањето за владата, во чиј кабинет имаат дури двајца претставници, е само продолжение на воспоставената практика на Српската листа.

„Ова го гледам како знак за намерата на Српската листа да продолжи да ја брани сопствената политичка агенда и да работи со владата само кога тоа е во интерес на таа агенда“, заклучува Јета Лошај.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми