1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српски избори на Косово

28 мај 2010

Во Косовска Митровица и Ново Брдо, в недела (30.05.10) се одржуваат вонредни локални избори што ги распиша Србија. Избори без значење или позицијата на Приштина слабее?

Во Митровица (на фотографијата) право на глас имаат над 20 илјади луѓеФотографија: DW

Вонредните избори што официјален Белград ги организира во Косовска Митровица и Ново Брдо предизвикаа многу полемики во косовската јавност. Пратениците на опозиционите партии во косовскиот парламент остро ја критикуваат владата што дозволува одржување на тие избори, додека владата нагласува дека не сака да предизвика тензии и дестабилизација на ситуацијата.

Садри Ферати, министер за локална самоуправа на Косово, за Дојче веле објаснува дека за Приштина се неприфатливи паралелни структури, но дека нема да се спречува одржување на српските избори:

Садри ФератиФотографија: DW/Bekim Shehu

„Иако косовските институции немаат силен пристап на север, сметаме дека резултатите од изборите нема да имаат никаков ефект на натамошната имплементација на нашите проекти.“

Северна Митровица е клучна

Наспроти него, директорот на Институтот за политички истражувања и развој Иљир Деда, оценува дека Приштина со премолчено прифаќање на српските избори ја слабее сопствената позиција пред почетокот на разговорите со Белград, кои, како што вели тој, ќе се водат токму околу северот на Косово:

„Приштина, поради тоа што допушти поништување на косовскиот суверенитет на северот на Косово, ја слабее својата позиција пред преговорите со Белград. Се бетонира фактичката состојба на Ибар и се зацврстуваат српските структури на север, а тука е клучна северна Митровица.“

Оливер Ивановиќ, еден од кандидатите за претседател на општина МитровицаФотографија: AP

Изборите не можат да бидат спречени

Марко Јакшиќ, еден од политичките лидери на Србите на северот на Косово, оценува дека изборите во Митровица и Ново Брдо не можат да бидат спречени:

„Нема можности, ни начин меѓународната заедница да ги забрани тие избори. Тие избори едноставно покажуваат дека, како и досега, власта на теренот кадешто живеат Срби ја практикува Белград, а не Приштина.“

Оливер Ивановиќ, државен секретар во српското Министерство за Косово и Метохија и еден од кандидатите за претседател на општина Митровица, ја нагласува важноста од избор на српски претставници:

„Србите мора да имаат свои избрани претставници наместо именувани, што беше досегашна пракса. Во долг временски период имавме именувани претставници кои немаат углед и сила кај народот, туку угледот го црпеа од припадноста на одредена политичка партија.“

Автор: Зулфија Јакупи / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми