1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српски партии бараат „пресврт“ во политиката кон Косово

8 ноември 2011

Либерално-демократската партија и Српското движење за обнова понудија на потпис програмски документ наречен „Пресврт“ во кој бараат промена на државната политика во однос на Косово.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Суштината на документот, кој на јавноста и‘ го претставија ЛДП и СПО, е во барањето да се промени државната политика кон Косово и да се продолжат европските интеграции. Во документот се наведува дека на Србија и’ е потребна нова политичка храброст, доколку сака во Европа. Лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, документот им го проследи на српскиот претседател, на патријархот на СПЦ, на претседателот на САНУ и на ректорот на државниот Универзитет. Српскиот претседател Борис Тадиќ веќе го отфрли документот, оценувајќи дека со „откажувањето од Косово, Србија нема да биде поблиску до Европа“.

Причината за брзото отфрлање на документот, според политичкиот аналитичар Невен Цветичанин, е во малата поддршка што ја уживаат овие две партии.

„За да ја промените државната политика треба да имате голема поддршка кај гласачкото тело и конкретни инструменти за менување на таа политика, а ни ЛДП, ниту СПО, во моментот немаат таква поддршка“.

Чедомир ЈовановиќФотографија: AP

Српската јавност беше заинтригирана и поради тоа што заедничкиот документ го потпишуваат две партии со целосно различна политичка позадина и политички програми. ЛДП е партија со либерална ориентација, додека СПО ги застапува идеите на четничкото движење и на монархизмот. Кон нивната платформа се приклучи и Социјалдемократската партија.

Според аналитичарите, тоа е показател дека во Србија интересите на партиските лидери се поважни од програмите, особено доколку лидерите најдат некој заеднички интерес.

Автор: Ивица Петровиќ/БГ

Редактор: Е.М.Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми