Српски пасош - барана стока на Косово
28 декември 2018![Serbien Serbischer Pass](https://static.dw.com/image/44782990_800.webp)
Реклама
Граѓаните со живеалиште на Косово не можат да патуваат без визи - ниту кога имаат косовски пасош, ни кога имаат српски, издаден од Координационата управа на МВР. Затоа и Србите и Албанците сѐ почесто го префрлаат своето живеалиште во Србија - честопати измислувајќи дека таму имаат роднини. Младите сакаат само да заминат од Косово и не бираат на кој начин.