Српско-косовскиот дијалог низ белградските графити
9 август 2018
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Реклама
Додека траат препукувањата меѓу Белград и Приштина и неизвесноста околу можниот договор меѓу двете земји, одлучивме да ви понудиме една поинаква слика на односите меѓу Србија и Косово. За тоа како во српските градови се гледа на состојбите во и околу Косово, најдобро говорат уличните графити.
Погледнете повеќе во нашата галерија:
Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Српскиот „ѕид на плачот“
Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Лицата обвинуваат
Лицата на киднапирани Срби од 1989/1999 година служат како главен аргумент за обвинувања на сметка на Северноатлантскиот Сојуз и Европската Унија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Меѓу Косово и Крим
Моден детал со политички некоректна русофилска формула на белградската пешачка зона. Туристите од Запад радо го купуваат бизарниот сувенир.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Руска алтернатива
Борис Тадиќ во предизборната кампања во 2008 година го ифрли слоганот „И Косово и Европа“. Овој графит одговара на очекуван начин.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Таблоидите србуваат
Острите политички пароли на ѕидовите можеби станаа поретки затоа што сѐ повеќе врескаат насловите на таблоидните печатени производи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Браќата Шпанци
Шпанскиот е популарен во Белград. Не толку во училиштата за странски јазици, колку во „Немањина“ улица, во близина на Министерството за надворешни работи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Срце и аритмии
Додека еден белграѓанин се обидува да пронајде нешто корисно во отпадот, од ѕидот го бодри позната крилатица.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Кој не е со нас е против нас
Фудбалскиот сојуз на Србија попусто се бунеше против одлуката на УЕФА од мај 2016-та за прием на Косово како полноправна членка. Одлуката е конечна од почетокот на 2017-та.
Фотографија: DW/D. Dedovic
ЕУ како империја
Космет всушност е кратенка (Косово и Метохија). Во зборот „Евробска“ се сокрила придавката „робска“.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Вдахновение во премин
Плод на патриотско-поетско вдахновение на ѕидот на премин меѓу главната и една споредна улица во Лексовац.
Фотографија: DW/D. Dedovic
На КиМ со благослов
Дел од уличните призори во градовите се и повиците за обиколка на манастирите и на српските општини на Косово, со благослов на црковните власти.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Римување, некому стравување
Опомена за српската политичка елита, доколку некој случајно помислува на некаков вид признавање на косовската независност.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Урнатини кои опоменуваат
Своевиден споменик кој со својата наказност во градскиот пејсаж потсетува на бомбите кои во 1999 година ги испрати НАТО.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Албанци кои се сакаат
Актерската легенда Беким Фехиу од 2010 година (кога си го одзеде животот) не е меѓу живите белграѓани, но неговата книга и натаму е хит во излозите на белградските книжарници.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трунка надеж
Повеќето графити на улиците сепак се тематски надвор од „внатрешниот дијалог“. Можеби најрадикалните пароли се преселени на социјалните мрежи.