1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стандард: Македонија се збогува од Европа

БГ
24 април 2017

Неуспехот на обидите за демократизација во Македонија има и регионални последици. Доколку Западот се повлече од својот ангажман, тоа ќе им сигнализира и на соседите дека ЕУ-перспективата е уште подалечна, пишува Стандард

Protest gegen den Besuch von EU-Kommissar in Mazedonien
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski

„Бројни дипломати со недели бараат решение за пат-позицијата во Македонија. Но, национал-конзервативната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ со помош на својот вазал Ѓорге Иванов, цврсто се држи до власта- спротивно на демократските правила и европските вредности. Европската народна партија одамна мораше да се дистанцира од ВМРО-ДПМНЕ. Но авторитарните пријатели во Унгарија и Полска продолжуваат да му даваат поткрепа на режимот во Скопје“, пишува австрискиот дневен весник Стандард во анализата под наслов „Македонија: збогување од Европа“.

„(...) Иванов не е подготвен да му го даде мандатот за формирање влада на социјалдемократот Зоран Заев, откако ќе биде избран нов претседател на Собранието. Со своите закани, тој и партијата ја држат целата земја во шах. Многу граѓани стравуваат од насилни судири и од загревање на етничките тензии со помош на пропагандата на ВМРО“.

„Неуспехот на обидите за демократизација на ЕУ и САД во малата балканска земја има и регионални последици. Затоа што доколку- а тоа сега се случува- Западот се повлече од својот ангажман и повеќе се посвети на функционални трговски односи, тоа ќе биде сигнал и за соседните држави, дека ЕУ перспективата станува сѐ подалечна. Албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи во таков случај се закануваат, во сѐ понагласен националистички тон, со 'Голема Албанија'“, пишува австриски Стандард.

Со заканите на Рама и Тачи се занимава и швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг, во текстот под наслов „Големоалбанска визија“.

„Флертот на Рама со големоалбанскиот национализам од коментаторите се поврзува со претстојните избори. Неговата изјава може да се сфати и како апел за будење на главните градови на ЕУ, да не го оставаат Балканот сам. Но факт е, дека едно табу е скршено. На своите западни партнери, водечките албански политичари со години им тврдеа дека Голема Албанија не е опција. Тоа повеќе не е случај. Веќе следниот ден, косовскиот претседател Хашим Тачи го потврди тоа. Доколку ЕУ ги затвори вратите, Албанците ќе се обединат во национална држава“, пишува НЦЦ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми