1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Старт на ЕП - забавата веќе почна

П.Јохен/К.Франке/емф10 јуни 2016

Секогаш е добро време за забава - за фановите во Париз Европското првенство веќе почна. Иако има размислувања околу безбедноста, тие не дозволуваат некој да им го расипе расположението.

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Morissard

Француските фанови се загреваат. Во големи бранови доаѓаат на забавата директно под Ајфеловата кула. На ден пред почетокот на Европското првенство тука концерт одржа ди џеј-ѕвездата Дејвид Гета. Голема забава за фановите од цела Европа. Еве што велат дел од нив:

„Ми се допаѓа атмосферата, овде има луѓе од различни страни на светот. Имам впечаток дека овде заедно се 28 различни националности.“

„Ова е извонреден настан по повод отворањето.“

„Време е за забава која ќе трае цел месец. Ги сакам Французите, ги сакам...“

Погледнете ја атмосферата во Париз:

Европското фудбалско првенство може да почне!

01:57

This browser does not support the video element.

Наспроти радоста, голема тема останува безбедноста. Фан-зоната кај Ајфеловата кула е блокирана. Ангажирани се десетици илјади полицајци. Фановите се прегледуваат внимателно. Тие мора да имаат трпение.

„Сега не мислам на сите грижи на овој свет. Сакаме да славиме, воодушевен сум што цела Европа е овде“, вели еден од присутните, а друг подвлекува:

„Не се плашам од тероризам, зашто има големи безбедносни мерки.“

На исто мислење е и една од девојките присутни на забавата на отворено:

„Ова е уште еден доказ за професионалноста на француската полиција. Сакам да им честитам. Навистина се чувствуваме безбедно.“

„Не се плашиме. Мора да продолжиме со нашиот живот. Не треба да се има страв на вакви големи настани, во нив треба вистински да се ужива“, уверен е еден млад Французин.

Европскот првенство може да почне. Фановите не дозволуваат ништо да им го расипе доборо расположение.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми