Стејт департментот задоволен од мирниот тек на изборите
26 март 2013Реклама
„Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април“, стои во првичната реакција на Стејт департментот по завршувањето на изборите.
Од Стејт департментот информираат дека Американската амбасада во Македонија, за овој изборен круг, имала 27 набљудувачки тимови низ земјата, а дополнително, набљудувачи од САД биле ангажирани и во тимовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.