Пејачот и поет Леонард Коен почина во четвртокот на 82-годишна возраст. Ќе го паметиме по безбројните хитови и прекрасната лирика. Нема детали за причината за неговата смрт.
Реклама
Коен беше еден од највлијателните музичари и текстописци кој се појави во 1960-те години, заедно со други легенди како Нобеловиот лауреат Боб Дилан и сонародникот Џони Мичел. Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“.
Стивна магичниот глас- почина Леонард Коен
00:53
Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави 14 студиски албуми, од кои последниот минатиот месец.
Коен беше роден во канадската провинција Квебек, каде како тинејџер формираше фолк група и ги издаде првите песни. По матурата се пресели на грчкиот остров Хидра од каде ја објави првата колекција поезија и две новели.
Се пресели во Њујорк во 1966 и ја започна музичката кариера по средбата со фолк-пејачката Џуди Колинс. Набрзо стана познат како пишувач на песни кои имаа големо влијание врз други познати музичари од од период, вклучително и Вили Нелсон и Џејмс Тејлор.
Во следните две децении продуцираше безброј песни и албуми.
Но, во 1995 Коен ја прекина музичката кариера и стана будистички монах. Се нарекуваше себеси Џикан, што значи тишина, и не објавуваше песни цели шест години.
Во 2005 беше откриено дека неговиот долгогодишен менаџер крадел пари од неговиот пензиски фонд во износ од околу 5 милиони долари. За да си ги врати средствата Коен започна епска светска турнеја меѓу 2008 и 2013, со вкупно 387 настапи.
Нема детали за причината за смртта. Во 2008 година, Коен беше примен во Рокенрол холот на славните.
Тивки забави - со слушалки низ ноќта
Силни басови, кои татнеат до улица - тоа го нема на т.н. тивки забави. Наместо гласната музика гостите добиваат слушалки кои се директно поврзани со пултот на диџејот.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Звук преку радиобранови
Силни басови, кои татнеат до улица - тоа го нема на т.н. тивки забави. Имено, гостите на забавата музика слушаат преку слушалки. Тие звукот го добиваат од пултот на диџејот преку радио бранови.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Двајца диск - џокеи, два канала
Со помош на мал шалтер на десната школка гостите на забавата можат да бираат меѓу канал А и канал Б. Диџејот Дариус Делек пушта музика од цел свет, а неговиот колега Дреланд хитови од топ листите и класици.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Два шалтери за среќа
На влезот сите добиваат слушалки. Ариане (20, лево) е првпат на ваква забава. Нејзината пријателка Марие (28, десно) многу и‘ раскажуваше за тивката забава. На слушалките може да се бираат каналите и да се регулира јачината на звукот.
Фотографија: DW/J. Mahncke
И потоа сите пеат
Убавото на забавата меѓу другото е и тоа што кај познатите хитови повеќето присутни ги пеат песните. Тогаш се слуша само како повеќе од 200 гости гласно пеат.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Доживувањето се снима
Бидејќи изгледа невообичаено, како изгледа кога пријателите танцуваат со различна брзина и ритми, постојано има некој кој го вади мобилниот телефон и го снима моментот.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Нема потреба да се довикувате
Многумина посетители на тивката забава го сакаат тоа што тука можат подолго да разговараат. Кој ќе ги симне слушалките, иако сѐ уште слуша одредени звуци, сепак дури и на барот не мора да се надвикува со послугата.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Отворени за нова музика
Диџеј Дариус Делек микса хип-хоп со полка или латиноамерикански песни со хаус музика. Неговата организација Такси Мунџал е призната од УНЕСКО како поттикнувач на интеркултурното различие.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Тивките забави како реклами
Забавата во Фабрик45 ја организира Натасиа Куше. Таа инаку води една уметничка галерија. „Тоа не е публика која сега безусловно би посетила некоја видео инсталација", вели таа за гостите на забавата, но тие се сензибилизирани за локацијата.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Помалку поплаки поради бучавата
Сосема тивка забавата сепак не е, сепак жителите ретко се жалат на бучавата. Така овие забави може да се одржуваат на необични места. Посебно се омилени забави под отворено небо. Слушалките не поднесуваат само дожд.
Фотографија: DW/J. Mahncke
Мора да биде чисто
Кога си заминуваат гостите мора да ги вратат слушалките. Персоналот задолжен за забавата ги чисти школките што се ставаат на уши, за да бидат чисти за наредните корисници.