1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Столтенберг: Од држава на работ, станавте земја на можности

БГ
18 јануари 2018

Пред девет месеци бевте земја на работ на бездна, но оттогаш успеавте да претворивте земја со потенцијална нестабилност во земја со вистински можности, порача во Собранието генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Mazedonien NATO Generalsekretär Jens Stoltenberg in Skopje
Фотографија: picture alliance/AP Photo/B. Grdanoski

„Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара многу работа“, порача од собраниската говорница генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Првиот човек на воената алијанса е во дводневна посета на Скопје во рамките на која се сретна со државниот врв во земјата. Клучната порака на Столтенберг е дека Македонија мора да го реши спорот за името со Грција доколку сака да влезе во НАТО, но истовремено мора да ги продолжи и реформите. Обраќајќи им се на пратениците во Собранието, Столтенберг рече дека бил шокиран од насилствата кои се случија на 27 април минатата година.

„Настаните во оваа зграда во април минатата година, ме шокираа. Тоа беше шок за сите членки на НАТО. Но, ние сме импресионирани од тоа што го гледаме оттогаш. Сакам да го поздравам напредокот кој сите го направивте во изградбата на нова, поотворена, поинклузивна политичка култура. Во изградбата на нов национален дух. Напреден. Оптимистичен и истраен“, рече Столтенберг. 

Повеќе на темата: 

Столтенберг во Скопје како „порака само по себе“

Македонија на дневен ред на состанокот на НАТО министрите

Тензиите ќе го забрзаат патот на Македонија до НАТО?

Добро е да се биде амбициозен, но важно е да се биде и реален, порача Столтенберг, според кого останува уште многу „тешка работа“. На прво место, решавање на спорот за името.

Јенс Столтенберг и Никола ДимитровФотографија: picture-alliance/abaca/AA/A. Fazlagikj

„Мора да се реши проблемот со името на оваа земја, прашање кое е отворено премногу време. Ве поттикнувам да ја искористите оваа шанса да се приближите напред. Членството во НАТО е многу повеќе од решавање на спорот со името“, рече генералниот секретар на НАТО. Тој и порача на опозицијата дека мора да биде конструктивна, за да има напредок во целиот процес, а го поздрави и донесувањето на Законот за јазиците минатата недела.

На Владата и порача дека мора да ги продолжи реформите согласно планот 3-6-9, кои опфаќаат измени во законите, напредокот на транспарентноста и одговорноста, судските реформи и надзорните тела и напредок во областа на медиумите.

„Бидете транспарентни со нас за реформите кои ги спроведувате", рече Столтенберг. 
„Вратата е отворена. За реформи. (...) За евро-атлантската заедница и НАТО. За нова, посветла и попросперитетна иднина“. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми