1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Столтенберг ќе биде нов шеф на НАТО?

ЕМФ/ард24 март 2014

Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг најверојатно ќе го замени Андерс Фог Расмусен на функцијата генерален секретар на НАТО, пишува весникот „Афтенпостен“.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Норвешкиот весник „Афтенпостен“ ја пренесува изјавата на новинарот Харалд Стангхеле, кој тврди дека Франција и Велика Британија дале согласност за поддршка на кандидатурата на Јенс Столтенберг, кој ја има и поддршката на САД, Германија и редица други држави. Притоа новинарот се повикува на извори кои се „многу одблиску“ запознати со процесот на одлучување. Одлуката најверојатно ќе биде соопштена во вторник или среда наредната недела, пишува „Афтенпостен“.

Секоја членка на НАТО има еден глас при изборот на генерален секретар, независно од нејзината големина.

Јенс Столтенберг доби големо признание во меѓународни рамки за својот кризен менаџмент по двојниот терористички напад извршен од страна на Андерс Брејвик на Утоја. Тој важи за искусен политичар. Столтенберг ја загуби премиерската функција во Норвешка по изборите во септември 2013 година.

Мандатот на Данецот Андерс Фог Расмусен официјално завршува на 30 септември 2014 година. Како можни кандидати за негов наследник, меѓу другите, се споменуваат и поранешниот италијански министер за надворешни работи Франко Фратини, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие и претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Барозо.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми