1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стоп за азилантите од Балканот

ЕМФ/дпа6 јуни 2014

Германскиот парламент денеска (6.06) расправа за заострување на правото на азил. Со предлог законот на Владата би требало да се запре пред се‘ зголемениот број бегалци од Србија, Македонија и БиХ.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Македонија, Србија и Босна и Херцеговина со предлог законот на германската влада би требало да се означат како сигурни држави, со што ќе се отвори патот лицата од овие земји кои бараат азил во Германија да бидат враќани по брза постапка назад во татковината.

Бројот на баратели на азил веќе подолго време е во постојан раст. Во април азил побарале 11.599 лу+е, што е за 34,4% повеќе отколку во истиот месец минатата година. Ако се земе предвид периодот од јануари до април 2014., тогаш зголемувањето на барањата за азил во однос на истиот период лани изнесува дури 64,5%. Барателите на азил потекнуваат пред се‘ од Сирија, Србија и Авганистан, а потоа слeдуваат Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми