1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици илјади Романци на протест против корупцијата

БГ
2 февруари 2017

Масовни протести во повеќе романски градови против владината одлука да декриминализира повеќе корупциски прекршоци. Аналитичарите велат дека тоа се најголеми протести од падот на комунизмот во 1989 година

Rumänien Proteste
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Ghirda

Меѓу 200 и 300 илјади демонстранти, според медиумски проценки, излегоа на улиците во повеќе романски градови извикувајќи „Крадци“ и „Оставки!“, еден ден откако владата со декрет ги смени законите. Во главниот град Букурешт, дел од демонстрантите се судрија со полицијата фрлајќи камења, шишиња и пиротехника, на што беше одговорено со солзавец. Повеќе полицајци и демонстранти биле полесно повредени.
Масовни протести се одржаа и во Темишвар, лулката на револуцијата од 1989 година.
Во владиниот декрет донесен во вторникот, беа декриминализирани некои корупциски прекршоци, а злоупотребата на службената должност стана казнива со затвор само во случај на финансиска загуба поголема од 44 илјади евра. 

Масовни протести против корупцијата во Романија

01:40

This browser does not support the video element.


Новата романска влада предводена од Социјалдемократите е на власт само неколку недели, по победата на изборите на 11 декември, и тоа помалку од една година откако беа урнати од власт, исто така по масовни протести.
Владата официјално досега не се изјасни за измените. Само министерот за правда Флорин Јордаче во средата кусо прокоментира дека во декретот нема „ништо тајно, нелегално или неморално“.

Критичарите велат дека најголем профитер од измените ќе биде токму лидерот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, кому му се суди за злоупотреба на должноста, како и на неколку други левичарски политичари. На Драгнеа веќе му е забрането вршење јавна функција поради двегодишната условна затворска казна за изборна измама. 
Уште една владина иницијатива, која премиерот Сорин Гриндеану планира да ја поднесе до парламентот, предвидува ослободување од затвор на околу 2.500 луѓе кои се осудени на помалку од пет години за ненасилни прекршоци. Критичарите се сомневаат дека целта е да бидат ослободени повеќе поранешните функционери и политичари кои се осудени за корупција. 

Романскиот премиер Сорин Гриндеану (лево)Фотографија: picture-alliances/AP Photo/O. Ganea

Европската Комисија минатата недела ја пофали Романија за анти-корупциските напори, но вчера стигна сосема поинаков став од првите луѓе, Жан Клод Јункер и Франс Тимерманс кои изразија „длабока загриженост“ поради последните законски измени.

Претседателот Клаус Јоханис, кој беше избран во 2014 година на анти-корупциска платформа, го нарече декретот „скандалозен“ и најави консултации со Уставниот суд.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми