1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од вирусот Мерс

Марија Лезер/ Ж.А.19 јуни 2015

Вирусот МЕРС се шири во Јужна Кореја, бројот на инфекции се зголемува, од болеста умреа повеќе луѓе. Колку опасен е вирусот, од каде дојде и дали постои вакцина против него?

Фотографија: Getty Images/APP/Jung Yeon-Je

Патниците кои пристигнуваат во Јужна Кореја, уште на аеродром се контролирани со топлотни камери, температурата може да биде прв знак за инфекција со МЕРС.

Од страв од болеста во меѓувреме и трговските улици се попразни од обично.

Во меѓувреме се затворени илјадници училишта, а во останатите се врши контрола на симптоми кај децата.

Ваквите контроли сега се секојдневие. Епидемијата на МЕРС почна со еден Јужнокореанец кој очигледно се инфицирал на Арапскиот Полуостров. Предизвикувачот на МЕРС таму е многу раширен.

По своето враќање, човекот ги заразил роднините, вработени во болницата и пациенти.

Погледнете го видео прилогот на оваа тема:

Колку е опасен вирусот МЕРС?

02:35

This browser does not support the video element.

Она што почнува како грип, може да заврши со смрт преку воспаление на белите дробови или откажување на бубрезите, првенствено кај хронично болните луѓе, на пример од дијабетис или рак.

МЕРС спаѓа во корона - вирусите. Мнозинството од нив предузвикуваат само кивавица. Но, во оваа група спаѓа и САРС. а од него пред десетина години за кратко време умреа 800 луѓе. И вирусот МЕРС може да биде смртоносен.

Вирусот очигледно доаѓа од камилите. Најчесто се инфицираат луѓе кои чуваат камили дома и имаат тесен контакт со нив.

Вирусот не предизвикува проблеми кај животните

Луѓето веројатно се инфицираат преку носниот секрет и млекото на животните. Научниците претпоставуваат дека епидемиите напролет не се случајност. Зашто, тогаш едногодишните камили ги делат од мајките и се чуваат во големи стада, па предизвикувачите се шират експлозивно.

Светската здравствена организација овојпат брзо реагира. Таа на почетокот на јуни најави тесна соработка со Јужна Кореја.

Научницит од Германија и од Холандија се надеваат МЕРС набрзо да биде сузбиен. Уште лани тие создадоа вакцина успешно тестирана на глувци. Сега се во тек подготовки за клинички студии, кои во Хамбург треба да ги води Марилин Адо. Почетокот на тестот веројатно ќе биде во 2016 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми