1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Страдањето на луѓето во Идлиб

Диана Ходали
25 декември 2019

Сирискиот режим со помош на Русија веќе со денови го бомбардира последниот бастион на бунтовниците- Идлиб, град со 3 милиона жители. Десетици илјади Сиријци бегаат кон Турција. Се заканува хуманитарна катастрофа.

Syrien, Idlib: Erneute Zerstörung und Flucht
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Ketaz

„Здраво плането Земјо, се јавуваме ние, децата од Идлиб. Русија штотуку не убива“, вака гласи апелот кој на Твитер го упати до светот Сиријката Мерна Алхасан, Таа живее у Идлиб и веќе со недели испраќа информации за состојбата во градот. „Луѓето од целиот регион околу Идлиб бегаат. Многумина оставаат се' што имаат и единствено размислуваат како да си отидат“, вели оваа девојка во едно свое видео. Оваа млада видео-новинарка преку мобилен телефон испраќа снимки од тримилионскиот град Идлиб, кои светот ретко има прилика да ги види. На снимките можат да се видат редици автомобили, натрупани со работи и луѓе кои со семејствата се обидуваат да го напуштат градот. Се гледаат и луѓе кои демонстриреат против Асад и против Русија. Сирискиот режим со помош на руската авијација пред една недела започна нова офанзива во регионот на Идлиб. Идлиб е последниот бастион кој го контролираат бунтовниците. Сирискиот претседател Асад ова подрачје сака до доведе под своја контрола, особено подрачјето околу Маарат ал-Нуман, кое е силно изложено на напади.

Тука поминува важниот автопат М5, кој од Дамаск, преку Алепо води до границата со Турција. „Очевидците не известуваат дека многу луѓе, во обид на бегство на автопатот во насока на сeвер, се нападнати уште еднаш - како со бомби така и со целен оган од митралези и артилерија од про-Асадовата паравојска“, вели координаторот за Сирија од организацијата Медикал Интернешнл, Тил Кистер.

Повеќе:

-Доброволно враќање во Сирија или преку Грција до богата Европа?

-Незгодниот „сириски мираз“ на Доналд Трамп за Владимир Путин

-ЕУ: Силна на зборови, слаба на дела во сирискиот конфликт

Руската војска ја образложува офанзивата во областа Маарат ал-Нуман со аргумент дека екстремистите, кои се наоѓаат во тоа подрачје, го отфрлаат повикот да го напуштат регионот. Во Маарат ал-Нуман главен збор има сојузот Хајат Тахрир ал-Пам. Тие се гранка на Ал Каеда. Околните подрачја ги контролираат бунтовниците, потпомогнати од Турција.

„Турција можеби би можела да го запре крвопролевањето“, напиша Мерна Алхасан во еден твит. Но, таа не прави ништо да ги заштити луѓето во Идлиб. Истовремено, Турција се плаши од големата сириско-руска офанзива, бидејќи таа значи нов бран бегалци. Ердоган веќе ја предупреди Европа - но, Турција сепак не им помогна на овие луѓе.

Напаѓаат и цивили

Асад оваа офанизива ја нарече „одлучувачка битка“. Притоа е сеедно дали е некој цивил или е екстремист, сириските владини трупи тука не прават никаква разлика. Се бомбардираат болници, станици за итна помош, пазари и плоштади. „Ширум регионот досега се изведени целни напади на 100 болници“, вели Тил Кистер. Министерството за надворешни работи во Берлин ги осуди воздушните напади. „Многу сме загрижени поради интензивирањето на борбите во Идилб во последните денови“, соопшти една портпаролка укажувајќи дека ситуацијата е катастрофална. Само минатиот петок од провинцијата побегнаа 20.000 луѓе, а од почетокот на офанзивата своите огништа, како што се проценува, ги напуштија околу 70.000 луѓе. Три милиони луѓе во Идлиб се под опсада, поголемиот број од нив се интерни бегалци и прогонувани.

Фотографија: Getty Images/AFP/M. Haj Kadour

Ветото спречува доставување на помош

Милиони Сиријци се упатени на хуманитарна помош. Кина и Русија за тоа како да не сакаат да знаат. Минатата недела овие две земји подигнаа вето и со тоа го спречија продолжувањето и проширувањето на програмата за помош од ОН. Германија, Белгија и Кувајт предложија нацрт по кој програмите за помош би се продлолжиле за една година, а за доставата на помош покрај 4 гранични премини се договори отворање на уште еден. Русија граничните премини сакаше да ги намали на два, а испораките на хуманитарна помош да ограничи на 6 месеци. Тоа го образложи со тврдењето дека „хуманитарната помош е подобрена“.За тоа меѓутоа нема ни збор. Изминатите денови во нападите се убиени над 100 луѓе. Хуманитарната ситуација во Сирија во 2019 година се влоши во однос на 2018, се вели во еден извештај на ОН. Хегманс се надева дека сепак ќе се најде компромис со Кина и со Русија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми