1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стразбур: Македонија виновна за случајот Ел Масри

БГ/тг/дпа13 декември 2012

Македонската држава ги повредила основните човекови права на Германецот со либанско потекло и ќе мора да му исплати отштета од 60 илјади евра пресуди Судот во Стразбур

Фотографија: AP

Европскиот суд за човекови права пресуди дека со апсењето на Калед Ел Масри и неговото предавање на агенти на ЦИА, Македонија сторила сериозна повреда на неговите човекови права. Судот нареди на Ел Масри да му биде исплатена отштета од 60 илјади евра.

49-годишниот Ел Масри ги тужеше американската и македонската влада уште пред речиси 10 години пред домашните надлежни судови, но неговите тужби беа отфрлени, а ова беше неговата последна шанса да добие отштета за неправедното апсење и малтретирање. Неговиот адвокат бараше отштета од 300 илјади евра од македонската држава.

Германецот од либанско потекло беше приведен од македонската полиција во 2003 година, а потоа и предаден на агенти на американската тајна служба. Сомневајќи се дека е поврзан со терористичка мрежа, ЦИА го префрли Ел Масри во Авганистан, каде бил затворен и малтретиран речиси 4 месеци. Откако се утврдило дека имаат човек со погрешен идентитет, ЦИА го оставила Ел Масри во пуста област во Албанија.

Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија во Стразбур на 20 јули 2009 година, во која се жали дека било прекршен членот 3 од Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува нечовечко и понижувачко однесување, членот 5 ( правото на слобода и сигурност, членот 8 право на приватен и семеен живот, како и членот 13 право на правично судење, како и членот 10 (слобода на изразување) бидејќи не бил информиран дали бил изложен на тајната програма за трансфер на лица на американските тајни служби. Судот ги прифати сите аргументи на адвокатите на Ел Масри, освен тие по членот 10.

Според Амнести интернешнл, ова е прва пресуда на еден меѓународен суд против европска држава која учествувала во програмата на ЦИА за тајно апсење и затворање на осомничени терористи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми