Странските фирми во Авганистан се постојано загрозени
14 март 2006Запрашан дали странските фирми во Авганистан се посебно загрозени, Кристијан Вилах оценува:
„Не станува збор за специфична загрозеност. Политички мотивираното насилство не е посебно насочено кон фирмите. Но морам да нагласам дека востаничките групи кои им се блиски на Талибанците често следат не политички, туку стопански интереси. Тие се обидуваат преку закани и насилство да ги истуркаат странските фирми од нивните подрачја на влијание за самите да можат да преземат некои зделки. Значи тероризмот се користи како деловна стратегија.„
Запрашан дали во последно време имало конкретни закани за странските фирми, Кристијан Вилах вели дека такво нешто немало и дека опасноста е всушност постојано на висок степен. Што се однесува општо до безбедносна ситуација во јужните покраини на Авганистан каде се случи најновото киднапирање, во интервјуто за германската програма на ДВ, Вилах оценува:
„Принципиелно безбедносната ситуација во покраините Хелманд Кандахар, Сабул е тешка. Тука има редовно борби меѓу меѓународните и авганистанските воени сили од една страна и авганистанските бунтовници, кои поедноиставено се ставаат во иста корпа како Талибанци. Зг ора на тоа доаѓаат и трговците со дрога со нивните вооружени милици, кои исто така ја влошуваат безбедносната ситуација, иако следат сосема поинакви интереси од политички мотивираните групи. Во секој случај за странските фирми и невладини организации овде ситуаијата е многу тешка„ – нагласува Кристијан Вилах.