1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стратфор: "На Балканот оперираат милитантни исламисти"

5 февруари 2004
НАТО е многу заинтересиран да ги прикаже своите операции на Косово како приказна на успех, констатира во својата најнова анализа, агенцијата за стратешки студии од САД, Стратфор, што ја пренесува агенцијата Бета.
Сојузот не може да дозволи да биде гледан како окупациона сила која не работи ништо, но сигурно нема доволно сили вор егионот за да се справи активно и решително со милитантните групи, Според анализата на Стратфор, новата врева на Балканот укажува на активно присуство на исламистички милитантни групи, и тоа не е ништо ново, но разноликоста на реакциите од високи позиции сугерираат дека нешто се подготвува. Стратфор ги наведува соопштението на НАТО дека неговите оперцаии на Косово се успешни, потоа изјавата на шефот на српската разузнавачка служба, Момир Стојановиќ, за дејствување на исламски милитантни, вклучувајќи ја и Ал Каеда, на Косово, во Албанија и Македонија, и реакциите што потоа стигнаа од алијансата и функционерите на Србија, Македонија и Албанија, со негирање на изјавите на Стојановиќ. И покрај негирањето, се вели во анализата на агенцијата за стратешки студии, доказите што ги наведува Стојановиќ и други докази од порано, како и простата логика, укажуваат на Балканот како на очигледно место на собирање на Ал Каеда и други милитантни организации.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми