1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Строг пост на СП е опасен

Штефан Деге/ Александра Трајковска28 јуни 2014

Денеска започнува месецот на постот на муслиманите, Рамазан. Кои опасности им се закануваат на фудбалските ѕвезди од строгиот пост при СП во фудбал? Келнскиот спортски медицинар Маркус ду Маре говори во интервју за ДВ.

Фотографија: Markus de Marées

ДВ: Господине Ду Маре може ли еден фудбалер да пости за време на СП?

Маркус ду Маре: Ако постот значи дванаесет часа да не се зема никава течност, а јас на 32 степени целзиусови, при влажност на воздухот од 80 проценти треба да постигнам висок учинок, тогаш е тоа тешко замисливо. Во секој случај не без притоа да нема значително опаѓање на учинокот.

Што се случува во телото на еден спортист кој не конзумира храна и течности?

Не е проблем откажувањето од прехранбени производи и енергија. Лимитирачки фактор е недостигот на течност. Телото се загрева, достигнува критични температури - во бразилски услови до 40 степени. За време на натпреварот еден спортист губи до шест литри течност. Тоа не е можно без да се намали учинокот.

Во Бразил натпреварите почнуваат и среде пладневните горештини. Дали се заканува опасност за играчите кои постат?

Зависи од тоа како се практикува Рамазан. Ако навистина цел ден не пијам ништо, тогаш тоа е опасно. Има истражувања со кои се докажува дека за време на Рамазан повредите се почести. Но, во нив не се земени предвид климатските услови во Бразил... Зборуваме за Светско првенство. Не носи ништо, ако настапувам со 95 проценти од можностите. Тука се бараат 100 проценти - или малку повеќе.

На што треба да внимаваат професионалните спортисти и тренерите кои постат?

Ако во игра влегува спортист кој пости, тој мора доборо да биде подготвен. Ако не оди поинаку и надворешно да се лади, тоа значи, со пониска температура да влезе во игра и на полувреме повторно да се разлади и по завршувањето на натпреварот исто така. Но, тоа и натаму е висок здравствен ризик!

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми