1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студентите бојкотираат:протест против беззаконието на Иванов

БГ14 април 2016

Поголема група студенти попладнево одржаа протест на Правниот факултет и најавија бојкот на наставата прогласувајќи го претседателот Ѓорге Иванов за „персона нон грата“.

Архивска фотографијаФотографија: DW/P. Stojanovski

Студентите на Правниот факултет започнаа бојкот на наставата како реакција на одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, кој пред стапувањето на функцијата беше професор токму на овој факултет.

Студентите му порачаа на Иванов дека е непожелен на факултетот, а на ѕидовите беа залепени плакати со пораки и осуда на неговите потези.

„Ѓорге Иванов е персона нон грата на Правниот факултет, и за него не смее и нема да има место по завршувањето на вториот мандат како Претседател на републиката“, вели за ДВ, студентот Горан Таневски.

Тој објаснува дека прекинот на наставата било спонтана реакција на студентите кои бараат од „Правниот факултет да излезе јавно со свој став во однос на беззаконието промовирано и поттикнато од Претседателот на државата“.

„Понатаму, извитоперувањето на правото и правдата беше извршено од лице чија функција на факултетот е во мирување додека претседателствува, па со ова сакаме да му покажеме дека е непожелен на факултетот“, вели Таневски.

Студентите велат дека нема да доаѓаат на предавања додека една нивна колешка е во притвор.

По напуштањето на факултетската зграда групи студенти веќе се упатија на протести кон центарот на Скопје, јавуваат повеќе македонски медиуми.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми