1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студентски протести во Фанција

Тони Гламчевски17 март 2006

250 000 студенти и средношколци според полицијата, околу 600 000 според организаторите, се најдоа вчера на улиците ширум Франција на протестот против законскиот проект за прво вработување на младите.

Од студентските протести
Од студентските протестиФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Мобилизацијата беше најсилна во Париз, каде по растурањето на мирното дефиле, неколку стотина млади се судрија со силите на редот во Латинскиот кварт, во непосредна близина на Сорбона, симболот на студентските контстации од мај 1968.

„Сорбона е наша, не е на –полицијата!“

„Полиција насекаде, правда никаде!“, скандираа младите кои влегоа во отворен судир со полицијата, фрлајќи врз неа

молотови коктели и камења, кршејќи излози на продавниците и бистроата, а една книжарница е ограбена и запалена.

Полицијата одговараше со солзавец. Билансот од судирите во Париз и во Рен-Бретања е околу 40 повредени припадници на силите на редот и околу 300 лица уапсени.

Министерот за внатрешни работи, Никола Саркози, побара да не се ставаат во ист кош вистинските млади, кои мирно протестираат и оние кои предизвикуваат безредија.

„Мислам дека тие што предизвикуваат нереди, немаат никаква врска со манифестацијата против договорот за прво вработување, која помина мирно. Безредијата ги предизвикаа стотина лица од екстремната десница и левица кои дојдоа да се судрат меѓу себе и со полицијата.“ Саркози најави дека силите на редот се подготвени да одговорат на сите провокации на деликвентите, но притоа лидерот на владеачката УМП одби да одговори дали сеуште го поддржува договорот и премиерот Вилпен.

Францускиот премиер Доминик де Вилпен, изгледа осамен иако ја има поддршката на претседателот Ширак, тој вчера изрази подготвеност за дијалог и преговори за да го „подобри“ договорот за прво вработување.

За утре е закажана нова манифестација, на која се очекува уште поголема мобилизација, бидејќи на студентите и средношколците им се приклучуваат и синдикатите кои отворено застанаа против владиниот проект за договор за прво вработување. Многу родители ќе дефилираат заедно со своите деца.

“Со години им велиме одете , одете на училиште, и еднаш кога ја имаат дипломата в џеб, тогаш им велиме-извинете немаме ништо за вас“, вели еден родител кој ги повикува децата да ги повикаат родителите на утрешната манифестација.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми