1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Британски експерти ургираат за трета доза ковид-вакцина

ЖА
25 август 2021

Заштитата од Ковид-19 по целосно вакцинирање со вакцините на Бионтек/Фајзер и АстраЗенека се намалува по шест месеци, тврди британска студија, што ја наложува нужноста од давање трета доза.

Niederlande Houten | Impfzentrum: Ältere Menschen erhalten astraZenica und BioNTech / Pfizer Impfstoff
Фотографија: Robin Utrecht/picture alliance

Епидемиологот на Кралскиот колеџ во Лондон и раководител на студијата за Ковид, Тим Спектор, денеска истакна: „Не можеме едноставно да гледаме со скрстени раце како заштитата полека попушта, додека бројките на новоинфицирани растат, а со тоа сѐуште е голема и веројатноста од инфекција“, изјави тој за БиБиСи.

Според студијата со која раководел Тим Спектор, заштитата која ја обезбедува вакцината на Бионтек/Фајзер по пет до шест месеци по примените две дози, се намалува од 88 на 77 проценти. Кај вакцината на АстраЗенека заштитното дејство по четири до пет месеци опаѓа од 77 на 67 проценти. Податоците се базираат на резултатите од преку 1,2 милиони тестирања. Во најлош случај, според проценките на Спектор, заштитеноста кај постарите лица до зима ќе опадне под 50 проценти.

Повеќе: 

Дростен: Трета доза нема да им биде потребна на повеќето од вакцинираните

СЗО бара стоп за вакцинацијата со трета доза, решително „не“ од Вашингтон

Филипче: Можна е препорака за трета доза од вакцините

Кому навистина му е потребна трета доза од ковид-вакцината?

Велика Британија уште во текот на оваа година планира да започне кампања за давање засилувачка вакцина против коронавирус, откако експертите дадоа мислење дека таа од септември може да биде потребна за постарите и лица кои спаѓаат во категоријата со поголем здравствен ризик.

Светската здравствена организација напротив засега не гледа никаква причина за давање трета доза вакцини и инсистира да се врши помасовно вакцинирање прво во посиромашните земји. Доколку стапката на вакцинирани во цел свет не се зголеми, смета СЗО, можат да настанат нови, уште поопасни варијанти на коронавирусот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми