Лекот против маларија кој претседателите Трамп и Болсонаро го фалат како волшебен лек против инфекција со коронавирусот не е погоден за лекување на Ковид-19. Истражувачите дури велат дека го зголемува ризикот од смрт.
Реклама
Сеопфатна анализа на податоци, според извештајот во научното списание „Лансет“, ги потврдува резултатите од помалите студии дека лековите за маларија хлорокин и хидроксихлорокин веројатно не се погодни за третман на пациенти од Ковид-19. Напротив, медикаментите може да ја зголемат стапката на смртност и да доведат до повеќе срцеви аритмии, известуваат истражувачите од САД и од Швајцарија во списанието „Лансет“. Тие анализирале податоци од околу 96.000 пациенти, од кои речиси 15.000 примиле еден од лековите посебно или во комбинација со антибиотик.
Критични ефекти особено во комбинација со антибиотици
Авторите се залагаат за користење на средствата само во контекст на клинички студии и внимателно проверување на придобивки од нив. Во моментов се водат бројни клинички студии во кои попрецизно се проверува нивната ефикасност.
Резултатите на тимот предводен од Мандеп Мехра од Медицинскиот факултет Харвард не упатуваат на корист од лековите. Податоците за пациентите во студијата потекнуваат од 671 болница на шест континенти.
Сите четири типа на третман - давање на двата лека посебно или секој од нив во комбинација со антибиотици - го зголемуваат ризикот од смрт во болница. Особено третманот со хидроксихлорокин заедно со антибиотик, се покажал како лош. Според студијата, еден од четири пациенти третирани на овој начин починал. Во контролната група, тоа се случило само кај еден од единаесет пациенти. Исто така имало и почеста појава на одредени аритмии кај пациентите: 8% во споредба со 0,3% од контролната група.
Истражувачите сметаат дека натамошни студии се итно потребни
Тимот инаку земал предви бројни можни фактори на влијание, како што се возраста на пациентите или претходните болести како дијабетис и срцеви заболувања. Сепак, не може да се исклучи дека постојат и други фактори, кои не биле земени предвид а кои предизвикуваат разлики помеѓу групите.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Токму поради оваа причина, итно се потребни натамошни контролирани клинички студии за средствата, вели коавторот на студијата Френк Рушицка од Универзитетската болница во Цирих. „Од нашата студија знаеме дека шансите овие лекови да го ублажат текот на болеста Ковид-19 текот се прилично мали“. До слични резултати дојдоа и некои претходно спроведени помали студии.
Самопрогласените експерти на погрешен пат
Претседателот на САД, Доналд Трамп, хидроксихлорокинот во повеќе наврати го нарече волшебен лек. Го фалеше медикаментот како „подарок од Бог“. Како што изјави и самиот го земал профилактички во изминатите две недели за да се заштити од коронавирусот.
Животната средина зема здив во време на короната
Луѓето се дома, фабриките прават пауза - тоа се одразува и на животната средина. Промените во животната средина се забележливи на најразлични начини ширум светот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Во Велс козите го заземаат просторот
Онаму каде што човекот се повлекува, животните си го враќаат животниот простор. На речиси сосема празните улици во британското крајбрежно место Ландидно, си се шета стадо диви кози. Тоа не им е првпат, но сега не им пречи никој. Додека луѓето се затворени дома, козите слободно може да се нафрлат на своето омилено јадење: грмушките крај патот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Планета на мајмуните?
Во тајландски Лопбури луѓето се навикнати на мајмуните. Но, во моментов животните се невообичаено напрегнати. Причина за нивните борби е можеби тоа што немаат доволно храна, поради тоа што нема туристи. За мајмуните во Лопбури и други за другите животни кои се навикнале да добиваат храна од луѓето, корона-кризата е голема промена.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Во Катманду се дише подобро
Чист планински воздух во главниот град на Непал е само желба. Катманду се вбројува во градовите со најзагаден воздух во светот. Градот лежи во долина, во која смогот е „заклучен“ од околните планини. Но, откако владата на 23 март објави забрани за излегување, градскиот сообраќај речиси замре. Оттогаш квалитетот на воздухот е значително подобар.
Помалку возила на улиците, помалку авиони на небото, помалку фабрики кои работат - корона-пандемијата и во Германија донесе намалување на штетните издувни гасови. Според прогнозите, Германија со тоа може дури и да ги постигне климатските цели за 2020 година, се разбира доколку по кризата не се испуштаат што е можно повеќе штетни гасови.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Кога гондолите се покриени ...
Каналите во Венеција, кои вообичаено се полни со бротчиња и гондоли, сега се празни, а водата е толку бистра, што може да се види дното. Но, тоа нема врска со подобрен квалитет на водата, објасни портпарол на градот за Си-Ен-Ен. Поради намалениот сообраќај, сега само талогот е на дното. Но, она што и овде е дефинитивно подобрено е квалитетот на воздухот.
Фотографија: Reuters/M. Silvestri
Паузата заврши?
Додека во многу земји економијата е во застој, во Кина повторно се почнува со работа, како во оваа фабрика за батерии во Анхуи. Со тоа завршува и паузата за земање здив на животната средина.
Фотографија: Getty Images/AFP
6 фотографии1 | 6
Во Бразил, пак по наредба на претседателот Жаир Болсононаро, официјално се препорачува за третман на Кофив-19. Министерството за здравство во ажуриран водич за лекарите објави дека лекот може да се администрира и кај лица со само лесни симптоми. Но, пациентите мора да потпишат изјава во која се вели дека биле информирани за можни несакани ефекти.
Посебно хлорокинот има бројни несакани ефекти како што се гадење, повраќање, осип, но и невролошки, кардиолошки и нарушувања на видот. Сличниот хидроксихлорохин пациентите подобро го поднесуваат и се користи и како лек за ревматски заболувања, туберкулоза на кожата и автоимунолошката болест- лупус.