1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Студија: Kонцерти се можни и за време на пандемија

Елизабет Грениер
2 ноември 2020

Со тест – публика, маски и растојание научниците тестираа различни сценарија од можна зараза за време на концерти. Резултатите од студијата РЕСТАРТ – 19 даваат надеж за музичката сцена.

Deutschland Leipzig | Coronavirus Testkonzert Studie Restart-19
Фотографија: DW/E. Grenier

Тајмингот беше навистина многу лош. Истовремено со најавата за делумен карантин со кој особено се забрануваат големи масовни собири, научници од Универзитетот во Хале ги претставија резултатите од нивната студија и објаснија под какви услови може да се одржуваат големи манифестации и покрај корона – пандемијата.

Драматуршкиот момент не можеше да биде избран подобро, вели професорот Михаел Гекле, декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Хале, на почетокот од прес конференцијата. Според Гекле резултатите од истражувањето веќе предизвикаа меѓународно внимание, со медумско покривање во разни делови од Јужна Кореја, до БиБиСи и „Вашингтон пост“.

За студијата „РЕСТАРТ – 19“ со која се испитуваше ризикот од пренесување на Ковид- 19 на спортски и културни настани, научниците во август 2020 во Арената во Лајпциг спроведоа неколку различни симулации на концерти. Речиси 2000 доброволци учествуваа во експериментот, со претходно негативни тестови на коронавирус. За време на целата манифестација учесниците задолжително носеа заштитни маски ФФП2, како и предавател кој ја регистрира локацијата и растојанието од останатите посетители, мерејќи го буквално во сантиметри. 

РЕСТАРТ 19 – анализа на контакти и компјутерска симулација

Со учесниците во тестот беа спроведени три различни сценарија за влез и планови за седење. Во првиот случај сите седеа на мало растојание еден до друг, како што беше вообичаено пред пандемијата. Во останатите две сценарија учесниците мораа да одржуваат растојание. Во зависност од сценариото различен број на места мораше да бидат слободни помеѓу двајца посетители.

Повеќе:

Најсигурниот симптом дека сте заразени од коронавирус

Колку долго сум имун на коронавирусот по заразувањето?

Корона студија: Младите не се неодговорни

Влажноста е клучна за ширењето на коронавирусот, тврдат научниците

Покрај мерењето на растојанието, односно близината на контактите, во рамки на студијата беше спроведена и компјутерска симулација на системот за вентилација во Арената, и преку виртуелен модел беше претставено како тоа ќе се одрази ако во салата има 24 заразени лица.

Благодарение на оваа симулација можеше да се тестираат различни модели на вентилација, што им овозможи на научниците да направат споредба на ширење на аеросолите со „добра„ и „лоша“ вентилација. Во принцип овие податоци може да се искомбинираат со бројот на аеросоли-контакти, односно бројот на блиски контакти за време на манифестацијата.

Поп-концерт како корона-експеримент: Во очекување на резултатите

01:31

This browser does not support the video element.

Препорака: редуциран капацитет, да нема концерти со стоење

Врз база на резултатите од студијата, Стефан Мориц, раководител на Инфектологија при Универзитетската клиника во Хале, даде редица препораки, како може и понатаму да се одржуваат настани во живо во Арената и во време на пандемија. Од една страна научниците предупредуваат дека не смее да биде до крај исполнет капацитетот на салата. Наместо тоа треба да се ограничи бројот на посетители.

Другата препорака гласи: концерти со седење наместо стоење. Предноста на фиксно место е дека така се гарантира запазување на дистанца, појаснува Мориц. Трета препорака вели дека треба да се зголеми бројот на влезови во салата, за да се избегнат долги и блиски контакти додека се чека.

„Редари за хигиена“

Мориц се залага за задолжително носење маски за време на целата манифестација. Во една анкета, големо мнозинство од учесниците во студијата изразиле подготвеност да носат платнена маска. ФФП2 маска со која повеќе се ограничува дишењето, не наиде на големо одобрување.

Според научниците и платнените маски ќе бидат доволни. Но, според Мориц е важно за време на манифестацијата да не се јаде и пие, односно да не се вади маската. Организаторите затоа ќе треба да ангажираат и „редари за хигиена“ за да се осигураат дека правилата ќе се почитуваат. Раководителот на студијата, Мориц нагласува дека во оваа смисла ваквите големи настани во Арената се разликуваат од големи приватни прослави, како што се на пример, свадби.

Многу е важно да се има и соодветен систем за вентилација. Мориц ѝ предлага на сојузната влада инвестициска програма на државно и покраинско ниво, со која вентилациските системи во вакви сали ќе бидат надградени според најновите стандарди.

Неодржување културни настани не е решение

По спроведувањето на овие правила, за љубителите на музиката, во вакви услови речиси нема да остане ништо од познатата наелектризина атмосфера која се случуваше на концерти пред пандемијата. Професор Гекле, врз база на новите податоци, сепак се залага за адекватен пристап кон комплексната актуелна ситуација, отколку да се импровизира. Лекарот проценува дека уште долги месеци ќе се бориме со пандемијата. На крајот, и Роберт Кох Институтот соопшти дека можна вакцина против корона за целото население не треба да се очекува пред 2022 година. До тогаш едно е јасно, вели Гекле: „неодржување културни настани не е решение."

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми