1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Суверени победи на Бајерн и Бајер

ЕМФ/дв/макфакс24 октомври 2013

Бранителот на титулата во ЛШ, Бајерн Минхен очекувано го „згази“ Викторија Плзен. Својата зацртана цел ја исполни и Бајер Леверкузен против Шахтјор Доњецк.

Фотографија: Christof Stache

Бајерн Минхен го победи чешкиот првак Викторија Плзен со 5:0. По третата победа во третиот натпреавр, тимот од Минхен води на табелата во групата Д. На вториот натпревар во истата група ЦСК загуби од Манчестер Сити со 1:2.

Бајер Леверкузен исто така победи јасно - 4:0 против Шахтјор Доњецк, и во групата А сега е на втора позиција, зад Манчестер Јунајтед, кој вчера беше подобар од Реал Сосиедад и го заврши натпреварот со 1:0.

Во групата Б, во дербито меѓу Реал и Јувентус, Шпанците забележаа победа од 2:1. Двата гола за Реал ги постигна Роналдо, со што Португалецот стигна до бројката од седум постигнати голови по три одиграни натпревари во ЛШ. Јувентус, мечот го заврши со десет играчи, откако директен црвен картон во 49-та минута доби Кјелини. Пеналот кој го доби Реал и исклучувањето на Кјелини предизвика полемики во фудбалската јавност. Галатасарај и Копенхаген, кои исто така играат во групата Б, се разделија со резултат 3:1.

Златан Ибрахимовиќ е човекот на вечерта во Лигата на Шампиони - од петте гола што ПСЖ му ги даде на Андерлехт, дури 4 беа дело на Ибрахимовиќ. Освен овој натпревар, во групата Ц се сретнаа и Бенфика и Олимпијакос. Резултатот нерешен 1:1.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми